Јубилејни 50-ти Октомвриски средби на СЗМЛСТРМ - агенција „Марили“ медиумски поддржувач

Годинава, јубилејно, се одржуваат 50-ти Октомвриски средби на медицински лаборанти и санитарни техничари, со меѓународно учество во организација на СЗМЛСТРМ. Средбите ќе се одржат во хотел  Десарет во Охрид од 5-ти до 8-ми октомври 2023г.

Пленарни предавачи на средбите ќе бидат: Проф. Д-р Снежана Стоилова, Проф. Д-р Голубинка Бошевска, Проф. Д-р Нико Беќаровски, Др.Сци. Јасмина Мечевска Јовчевска, Д-р Бијлана Ќурчиќ, Д-р Корнлија Трајкова, Проф. д-р Вања Филиповски, Проф. д-р Викторија Максимова, Спец. Д-р  Ефтим Димитровски и  Д-р Христина Василевска, можете да ја погледнете целата програма со предавањата и предавачите на следниот линк. 

Сојуз на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на Република Македонија (СЗМЛСТРМ) е невладина, непартиска, непрофитабилна, а е стручна доброволна организација на лабораториски професионалци и сите кои имаат интерес кон лабораторискатата дејност.

Целта на СЗМЛСТРМ е преку едукативни настани и програми да ја унапредат, промовираат и придвижат лабораториската пракса на повисоко ниво.

Во прилог, на следниот линк https://online.fliphtml5.com/eqqwp/nhww/ можете да ја погледнете и книгата со апстракти.

Агенцијата „Марили“ годинава е медиумски поддржувач на Јубилејните 50-ти Октомвриски средби. 


Статијата е прочитана 579 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско