УХМР - Врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
УХМР објави метео аларм за ново силно невреме во Македонија, по вчерашното кое остави хаос зад себе.
-Денеска ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со појава на град. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h), велат од УХМР.
До петок, под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни и ќе преминуваат во краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а поради продор на постудена воздушна маса од север ќе следува значително намалување на температурата.
Последните податоци на МВР говорат дека во Скопје имало најмногу штети од невремето. Според МВР, најголеми последици се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22 часот вчера биле евидентирани 117 оштетени патнички возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 10 повредени лица.
Статијата е прочитана 69 пати.




























