Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет
Во Националната опера и балет денеска ќе биде изведена операта „Турандот“ од Џакомо Пучини.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако, под кореографијата се потпишува Саша Евтимова, концерт мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска.
Настапува домашна солистичка екипа во сосотав на Весна Ѓиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев, Диме Петров, Марјан Николовски, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
„Турандот“ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци.
Пучини умира недовршувајќи ја операта, која што подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив во широките, експресивни мелодии.
Статијата е прочитана 502 пати.