Промовирано јубилејното 10. издание на ТОП 100 најуспешни компании

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија денеска во хотелот „DoubleTree by Hilton“, преку хибридна презентација ги презентираше најмоќните и најуспешни 100 компании кои во изминатата година прикажале позитивни резултати.

На јубилејното 10.издание на „ТОП 100“ настанот, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија додели награди на ТОП 5 компании кои имаат посебно достигнување во своето работење и се издвојуваат како водечки компании за 2019 година, како и три специјални награди.

Првата награда и припадна на компанијата „Даути Комерц“, втората на компанијата „Алма-М“, третата награда на компанијата „Пофикс“, четвртата на „Бас Тути Фрути“ и петтата награда на „Киппер“. Компанијата „АК-ИНВЕСТ“ ја освои наградата за најбрзо растечка компанија, Едукативниот центар „РЕА“ ја освои наградата за компанија предводена од жена, додека „Кнауф Радика“ ја освои наградата за компанија со успешно партнерство.

За изборот на овие водечки компании беа пресудни неколку индикатори, како што се годишниот приход кој го прикажуваат, нето-добивката, бројот на вработени, инвестициите и повратот на капитал.

Наградите ги доделија претставници на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, односно Неби Хоџа, Мендерес Кучи, Трим Ќемали и Влора Адеми, како и премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери и министерот за економија, Крешник Бектеши. Една награда додели Николин Јака од Стопанската комора на Тирана.


Статијата е прочитана 623 пати.

Сподели: