Сафет Алили ја објави автобиографската книга „Позитивна мисла – водич низ животот“

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат автобиографската книга „Позитивна мислa – водич низ животот“ од Сафет Алили, хуманист и добротвор кој донира опрема за луѓе што имаат потреба од ортопедски и други помагала, медицински кревети и друга опрема за здравствени установи и клиники и дека тоа го прави несебично со години и во голем број места во државата.  

Како што бележи рецензентот на книгата, д-р Садик Идризи Аљабак, „книгата е автобиографска само по својата форма. Во својата суштина таа прераснува во длабоко дело за човечката истрајност и позитивна енергија. Иако ова е негово првенче, авторот покажува импресивна книжевна и поетска зрелост преку концизна, силна и брилијантна проза. Хрониката на неговото животно патување – од соочувањето со судбината која го врзала за инвалидска количка, до натчовечката борба да остане двигател на своето семејство и општеството носи терапевтска и исцелителна моќ.“

Сафет Алили за својата хуманитарна активност во 2025 година доби високо признание од претседателката на државата проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова.  Помагалата и современата опрема ги набавува во Луксембург каде што е еден од основачите на хуманитарната организација „Лецкер“ (LëtzCare), формирана во Луксембург во 2019 година. Организацијата, во која се вклучени и членови од неговото семејство, како и припадници на македонската дијаспора, реализира бројни активности насочени кон поддршка на здравствени установи, лица со инвалидитет и социјално ранливи категории.   

Сафет Алили, повеќе од три децении живее и работи во Луксембург.  Таму е еден од основачите и најактивните припадници на здруженијата од македонската дијаспора. Роден е во 1969 година. Израснал и се школувал во Тетово, а по потекло е од селото Присојница, во општина Маврово и Ростуше.

Според неговата официјална биографија, Сафет Алили во Луксембург се преселил во 1991 година, најпрво како студент, а професионалната кариера ја започнал како возач на автобус. Поради здравствени причини го менува животниот правец и се посветува на општествен и хуманитарен ангажман – сегмент кој силно се одразува и во неговото прво книжевно дело.

„Позитивна мисла – водич низ животот“ претставува спој од лична приказна, животна филозофија и хуманитарна мисија – книга создадена со желба стекнатото искуство да биде споделено со другите.

Книгата има 286 страници, фул-колор, со голем број факсимили и автентични фотографии за активностите на Сафет Алили. Наскоро ќе биде промовирана во Скопје.


Статијата е прочитана 19 пати.

Сподели:


Видео: 30 години Агенција Марили

30 години јубилеј на агенција „Марили“

kb

oxxete