Изложба „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“ во Даут пашин амам

Во Даут пашин амам, објект на Националната галерија вечер ќе биде отворена изложбата „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“.

„Одбележувајќи го 90 годишниот јубилеј од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989), еден од најзначајните толкувачи на енформелната практика во македонската ликовна уметност, нашата цел е интегрално презентирање на неговото богато творештво. Досегашните истражувања и анализи кои ги сумираме на едно место, односно негово критичко и научно валоризирање како автор кој оставил свој специфичен белег во одредени општествени услови, упатуваат дека Ристо Калчевски зазема исклучително место во развојот и афирмацијата на македонската современа уметност, оставајќи посебен белег и преку долгогодишната педагошка дејност“, се наведува во соопштението од Националната галерија.

За прв пат неговите дела биле изложени пред јавноста по дипломирањето во 1957 година, на една групна изложба во Прилеп. Критичката јавност овие дела ги дефинира како плод на синтетичкиот кубизам, во кои е евидентна „карактеристична скратена пиктурална еволуција“. Усогласените строги односи ги нагласуваат геометризирани линии кои ги обликуваат формите и плановите на предметите, елиминирајќи ја играта светло-сенка и валерските решенија.


Статијата е прочитана 312 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско