Студиите на Универзитетот ПАР од Риека во Р. Хрватска, можност за успешна кариера и прозорец кон ЕУ

Интервју со Гордана Николиќ, основач, сопственик и декан на Универзитетскиот колеџ ПАР во Риека, Р. Хрватска. Универзитеот ПАР е единствената независна високообразовна институција во северниот јадрански регион и меѓу 20-те најдобри хрватски образовни центри за претприемаштво.

Николиќ е истакната хрватска бизнисменка која заслужено се вбројува во 100 -те најдобри хрватски лидери и која добила многу престижни награди, меѓу кои најдобра жена претприемач во Хрватска за 2015 година, доделена од Хрватското здружение за деловни жени – КРУГ. Во 2016 година ја добива и наградата од Приморско - горската жупанија за посебен придонес во унапредување на науката, образованието и женското претприемаштво во регионот. Во 2022 година, и агенција „Марили“ ја награди на регионалната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“, а годинава присуствуваше на „Марили Бизнис Форум“ и на споменатата манифестацијата.

МАРИЛИ: Во тек се уписите на Универзитетскиот колеџ ПАР. Кажете ни накратко,  на кои смерови можат да конкурираат идните студенти, независно дали станува збор за додипломски или последипломски студиии?

НИКОЛИЌ: Идните суденти на ПАР можат да бираат помеѓу пет смерови,  два додипломски Деловно управување или Бизнис менаџмент, како и студии по угостителство, односно Управување во гастрономија и ресторани. На ниво на магистерски студии имаме три менаџмент смерови, Управување со финансии, Управување во мали и средни претпријатија и Спортски менаџмент.

Дуалните студии што ги спроведуваме ги нагласуваат стекнувањеето на економски и менаџерки компетенции како и примена на знаењето од деловното управување по современи пазарни услови. Студентите развиваат иницијативност и претприемаштво при развој на нови деловни идеи, имплементирајќи ги знаењата од различни подрачја како финансии, маркетинг, комуникации, сметководство, логистика и примена на нови дигитални и комуникациски технологии во работењето.

Предностите за студирање на ПАР се многубројни, но ја истакнуваме работата во мали групи, директен менторски пристап и консултации, како и постојана достапност на нашите професори и вработени. Препознатливи сме по спроведувањето на дуални студии, како дел од Европскиот универзитет за дуално образование EU4Dual.

Нашата студиска програма претставува модел на образование која комбинира теоретско знаење стекнато на ПАР, со практично работно искуство во компании или организации. Овој пристап им овозможува на студентите да стекнат практични вештини и искуства во текот на образованието, со што стануваат конкурентни на пазарот на труд.

Многу сме флексибилни во однос на потребите на нашите спортисти кои студираат на ПАР.

Им нудиме стекнување на работно искуство пред да излезат на пазарот на труд по спортската кариера, како и зајакнување на вештините и знаењата кои се бараат во реалниот сектор.

ПАР е прпознаен како претприемачки универзитет кој ги оспособува своите студенти за самостојна работа во компаниите, како и за преземање одговорни функции. Ние создаваме идни лидери подготвени по завршувањето на студиите, лесно и брзо да се прилагодат на потребите на фирмите во коишто ќе се вработат.

Сите детали за студиите и смеровите на кои можат да се запишат идните студенти, можат да се најдат на нашата интрернет страница www.par.hr.

МАРИЛИ: Каков е интересот на странските студенти за упис на ПАР и дали има пристигнати апликации од Македонија?

НИКОЛИЌ: Поголемиот дел на соработката меѓу ПАР Универзитетот и македонсите студенти е базирана на програми на мобилност. Имено, ПАР има многу добри договорни односи со Бизнис Академија Смилевски – БАС од Скопје и Битола, University of Skopje, како и со International Balkan University преку Erasmus + програмите.

Преку мобилните програми на ПАР престојувале повеќе студентски групи и предавачи и отворени се многубројни соработки на различни проекти. Нашите односи со македонските студенти се повеќе од добри и ние сме отворени за нови соработки во годините што следат.

МАРИЛИ: Каков е интересот за студиите за туризам и угостителство и дали постои задолжителна пракса во текот на студиите?

НИКОЛИЌ: Имајќи предвид дека Хрватска е првично туристичка земја во која секторот туризам и угостителство се можеби и најразвиениот економски сектор, Универзитетот ПАР разви образовна програма токму во овој сектор. Освен студиската програма која е одговор на сѐ поголемата потреба за едукација на нови кадри коишто треба да се вклучат во работата на туризамот, нудиме и многу програми за усовршување и специјализации од областа на туризамот и угостителството.

Веќе долги години ги оспособуваме постоечките туристички и угостителски кадри низ програми за доживотно образование, посебно за туристички водичи во туристичките агенции.

Од септември се подготвуваме да ги понудиме и високоспецијализираните МБА (мастер) студии во подрачјето на Туристички менаџмент, и веруваме дека со истите ќе разбудиме интерес и кај македонските туристички работници.

Стручната пракса е задолжителна уште од првата година од студиите и се одвива во наставни бази со коишто ПАР Универзитетот соработува. Меѓу нив има врвни хотели и туристички ланци, како и туристички заедници, агенции и врвни угостителски објекти.

Соработуваме со повеќе од 50 наставни бази низ Хрватска, но и меѓународни како Hilton, Јадран хотелите Arena Hospitality Group, Maistra, Valamar и многу други. ACI d.d како лидер во наутички туризам е еден од главните спонзори на нашата летна школа Sail/Learn со кого вршиме обиколка на бродовите на хрватските острови и развиваме проекти со локалното население.

МАРИЛИ: Какви се вашите сознанија, каде најчесто се вработуваат дипломираните студенти во областа на туризамот? Дали најчесто станува збор за Хрватското приморје или пак и надвор од државата?

НИКОЛИЌ: Студентите на ПАР многу лесно наоѓаат работа во областа на туризамот и угостителството на подрачјето на Хрватска, бидејќи по завршувањето на студиите имаат голем капацитет на знаења и вештини за работа.

Нашите Алумни (ученици) сега работат долж јадранското крајбрежје и на островите на клучни позиции во хотели и угостителски објекти.

Знаењата кои ги стекнаа во текот на студиите, лесно се пренесуваат во практичната работа во туризамот на секоја земја - членка на Европската унија, затоа што што туризамот има свои законитости кои се исти и во Италија, Франција, Германија, односно секаде во ЕУ.

Секако, нужно е познавањето на странски јазици, но повеќето од нашите студенти доаѓаат со добри предзнаења на англиски и барем уште еден странски јазик.

Освен задолжителното говорење на англискиот јазик, го усовршуваат германскиот, италијанскиот, а во последно време и шпанскиот јазик.

МАРИЛИ: Развојот на туризамот во Хрватска е евидентен, како и инвестициите во овој сектор. Колку соработувате со Р.С. Македонија по ова прашање, и на кој начин?