Интервју со Марјан Стојнев: „Нашите природни сапуни од козјо млеко помагаат во лекување на црвенило, егзема, псоријаза и себореа“

Интервју со Марјан Стојнев, сопственик и генерален менаџер на семејната компанија „Производство на сапун Стојневи“. Компанијата од 2013 година се занимава со традиционално производство на сапуни од козјо млеко, а од 2017 година е компанијата официјално е регистирана. 

Летниот период е посебно сензитивен за проблематичната кожа склона кон иритации, алергии или црвенило, а токму 100% природните сапуни од квалитетно козјо млеко и без никакви вештачки додатоци, може да бидат решение за многу несакани дерматолошки проблеми. 

Лековитоста на козјото млеко е позната поради тоа што содржи витамини Е, А, Б6 и Б12 и селен, минерал кој има значајна улога за организмот и е познат по своето антиоксидативно дејство.

„Нашата определба е да произведуваме природен производ кој ќе биде за секојдневна употреба, но истовремено ќе ја задржи традицијата и квалитетот на рачно произведениот сапун. Особено ни значи тоа што нашите производи ги користат цели семејства и што со текот на годините добиваме позитивни реакции од потрошувачите.“, вели Стојнев. 

МАРИЛИ: Повеќе од една деценија го произведувате сапунот од козјо млеко кој е 100% природен. Кажете нѝ, кои се бенефитите од сапунот, особено во летниот период, кога се појавуваат поголем број иритации на кожата поради силното УВ зрачење, зачестените инфекции и алергии?

СТОЈНЕВ: Во летниот период кожата е особено изложена на сонце, потење, прашина, почесто туширање, солена вода и хлор, што кај дел од луѓето може да предизвика иритација. Во такви услови, изборот на сапун „Стојневи“ може да биде важен дел од секојдневната хигиена и нега.

Сапунот од козјо млеко е производ кој го создадовме со идеја да понудиме природна и нежна алтернатива за секојдневна нега на кожата. Неговата предност е во составот и начинот на производство, при што се стремиме да ги зачуваме природните својства на состојките.

Козјото млеко природно содржи масти, протеини, витамини и минерали, а сапунот произведен од него остава чувство на чиста, и негувана кожа.

Една од природните состојки присутни во козјото млеко е и селенот, минерал кој има значајна улога за организмот и е познат по своето антиоксидативно дејство. Антиоксидативната заштита е особено значајна за кожата, бидејќи таа секојдневно е изложена на различни надворешни влијанија.

Нашата определба е да произведуваме природен производ кој ќе биде за секојдневна употреба, но истовремено ќе ја задржи традицијата и квалитетот на рачно произведениот сапун. Особено ни значи тоа што нашите производи ги користат цели семејства и што со текот на годините добиваме позитивни реакции од потрошувачите.

МАРИЛИ: Кои се главните состојки на сапунот на „Стојневи“ и објаснете ни зошто е корисен за сите возрасти и сите типови на кожа?

СТОЈНЕВ: Основата на нашиот сапун е свежото козјо млеко кое го комбинираме со квалитетни растителни масла. Она по што „Стојневи“ е препознатлив е тоа што сапунот го произведуваме со ладен процес, без додавање дестилирана вода, а козјото млеко е најважен дел од неговата формула.

Она што особено го цениме кај нашиот сапун е неговата едноставност. Не сакаме непотребно да ја оптоваруваме кожата со голем број состојки. Токму затоа сапунот е погоден за секојдневна хигиена кај различни возрасни групи и различни типови кожа.

Козјото млеко природно содржи протеини, масти, витамини и минерали, меѓу кои и селен. Во комбинација со растителните масла, овие состојки придонесуваат да се создаде сапун кој ја чисти кожата, а притоа е пријатен и нежен при употреба. Сапунот од козјо млеко обезбедува моќна антиоксидативна заштита преку високите концентрации на витамини А и Е, селен и млечна киселина. Овие хранливи материи ги неутрализираат слободните радикали, го спречуваат предвременото стареење и ја штитат кожата од секојдневните влијанија од околината. Помага при егзема, псоријаза, себореа, црвенило.

Нашата цел е едноставна, нашиот природен, квалитетен и функционален сапун да стане дел од секојдневната хигиена на целото семејство, од најмладите до највозрасните.

МАРИЛИ: Објаснете го накусо процесот на изработка на сапунот, почнувајќи од набавката на козјо млеко, па се до финалниот производ и обезбедување здравствени сертификати за негово користење?

СТОЈНЕВ: Процесот започнува со обезбедување квалитетно и свежо козјо млеко.  Потоа следува подготовката на сапунот, кој го произведуваме по традиционален начин со ладен процес.

Смесата внимателно се обработува и се истура во калапи каде што започнува процесот на стврднување. Во моите калапи јас правам 300 сапуни одеднаш. За да се изработи смесата и да се истури во калапот потребни се 4 часа работа на двајца луѓе.  Во калапот останува два дена за да се стврдне.

Потоа се сече на направа за сечење која нема ножеви, туку жици од клавир и од гитара. Кога ќе се исечат сапуните, ги редам во кругови и како цилиндри и така остануваат два месеци да се сапунифицираат.

Дури по два месеца сапунот може да се појави на пазарот како готов производ. Овој процес бара трпение, бидејќи природниот сапун не може веднаш да биде готов за употреба. Откако ќе го достигне потребниот степен на зрелост, секое парче се проверува, се пакува и се декларира како финален производ.

Особено важен дел од нашето производство е и контролата на квалитетот и безбедноста. Тоа ни создава дополнителна одговорност кон луѓето кои го купуваат.

За квалитетот гарантираме ние „Производство на сапун Стојневи“, со тоа што, како прво го користиме цела фалмилија, без разлика на години. Гарантираме за истиот квалитет и континуитет на квалитетот во иднина. А сето тоа е поткрепено со стручни анализи на Институтот за јавно здравје – Скопје. Добиваме документ каде што пишува дека, испитаните примероци производи ОДГОВАРААТ на Правилнкот за критериумите за микробиолошка и хемиска чистота на козметичките производи.

МАРИЛИ: Произведувате ли и други продукти во рамки на палетата на производи?

СТОЈНЕВ: Покрај основниот сапун од козјо млеко, во нашата палета имаме и сапун од козјо млеко со додаток на шеа путер. Сакавме да создадеме варијанта која дополнително ќе придонесе за чувството на мекост и негуваност на кожата.

Шеа путерот е познат како состојка богата со природни масти и често се користи во производи за нега на кожата. Во комбинација со козјото млеко, добиваме сапун кој е пријатен за секојдневна употреба и остава чувство на негувана кожа.

И во двата производи ја задржуваме нашата основна определба – врвни природни состојки и внимателен процес на производство, без непотребно комплицирање на формулата. Во иднина сакаме постепено да ја прошируваме понудата, но секој нов производ мора да го исполни нашиот основен критериум - да биде квалитетен и да ја оправда довербата на потрошувачите.

МАРИЛИ: Стекнавте ли редовни потрошувачи со оглед на квалитетот на козјиот сапун и можете ли да наведете позитивни искуства од корисниците на сапунот?

СТОЈНЕВ: Секако. Со текот на годините стекнавме голем број редовни потрошувачи, а токму нивната доверба е една од најголемите потврди дека сме на вистинскиот . Многумина го користат нашиот сапун со години а има и нови корисници кои почнуваат да го користат по препорака од членови на семејството или пријатели. Се јавуваат да се информираат. Особено не радува и ни значи кога луѓе кои претходно имале проблем со кожата го решиле со употреба на нашите сапуни.

Имаме и корисници кои не користат ниту еден друг производ освен нашиот сапун за хигиена на целото тело, вклучувајќи коса, брада, како дел од секојдневната нега. Токму ваквите искуства ни даваат најголема мотивација да продолжиме да работиме на истиот начин.

За нас најважно е производот да биде составен од врвни и внимателно селектирани состојки, безбеден и пријатен за употреба, а задоволните потрошувачи и нивната доверба се најдобрата препорака што можеме да ја добиеме.

МАРИЛИ: Кои се идните планови на компанијата „Производство на сапун Стојневи“ во делот на новитети во асортиманот и унапредување на продажбата?

СТОЈНЕВ: Нашата цел е „Производство на сапун Стојневи“ постепено да се развива, но притоа да го зачува она по што сме препознатливи - квалитетот и внимателниот начин на производство.

Во делот на асортиманот, размислуваме за нови производи и нови комбинации на додатоци, при што секој нов производ сакаме прво добро да го разработиме и тестираме пред да го понудиме на потрошувачите.

Во однос на продажбата, сакаме нашите производи да бидат подостапни за потрошувачите и надвор од Македонија и работиме на таа цел.

Нашиот производ е специфичен затоа што се произведува од свежо козјо млеко без додавање вода, а производството е сезонско. Поради тоа, извозот бара добро планирање однапред. Но, интерес има и се надеваме дека сапуните ќе станат препознатлив македонски бренд и надвор од границите на нашата држава.

МАРИЛИ: Каде може заинетерсираните да го најдат сапунот во продажба?

СТОЈНЕВ: Заинтересираните потрошувачи нашите производи можат да ги најдат во dm маркетите низ Македонија, со коишто соработуваме. Тоа ни овозможува сапунот „Стојневи“ да биде достапен во речиси сите градови во Македонија за полесно да стасаат до нашите потрошувачи.

Нашата обврска е да продолжиме да работиме со истата љубов и посветеност и да го зачуваме квалитетот по кој производите на „Стојневи“ се препознатливи.


Статијата е прочитана 157 пати.

Сподели:


Видео: 30 години Агенција Марили

30 години јубилеј на агенција „Марили“

Охридско лето 2026

kb

oxxete