„ЕЛЕНА ЛУКА“ – авангарда на македонската мода, гради успешни приказни и во други индустрии

Интервју со Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на брендовите ELENA LUKA, FashionEL, ELENA LUKA HOME и ELENA LUKA ENGINEERING. Пандева е врвна македонска модна дизајнерка која несомнено успева своите талент, труд, умешност, креативност и организациски способности да ги имплементира во сите индустрии во кои делува и работи. Успесите на сите полиња се неизбежни и загарантирани, па така и ELENA LUKA HOME и ELENA LUKA ENGINEERING прераснаа во реномирани компании кои се репрезент на највисоките светски стандарди во градежништвото.

„Моето искуство ми покажа дека соништата стануваат реалност кога постои страст кон работата и кога се вложувате со целиот свој капацитет за да ја остварите целта. Секогаш останете автентични и верувајте во себеси, бидејќи иднината припаѓа на тие кои имаат визија и храброст да ја реализираат“, вели Елена Пандева во интервјуто за „Марили“. 

МАРИЛИ: Еден од настаните коишто ги организиравте на почетокот на летото, беше и оној во Eвент центарот на Хотел „Цар Самуил“ во Бања Банско, Струмица. Вашата голема љубов „модата“ ја донесовте во прекрасниот амбиент на „Цар Самиул“, и успеавте да ја промовирате и новата колекција, но и го вративте „Цар Самоул“ на мапата на пожелни дестинации?

ПАНДЕВА: Eксклузивното Bridal Show што ЕЛЕНА ЛУКА го приреди во комплетно реновираниот Евент Центар „Цар Самуил“, реално беше моден спектакл од светски размер. Понудивме еден досега невиден концепт, кој вклучуваше комплексно сценарио со една сериозна организација. Покрај тоа што публиката имаше можност да ужива во 70-на гламурозни и уникатни венчаници, амбиентот во кој беа прикажани беше како една безвременска бајка, со музички перформанси на наши почитувани и познати музички уметници и со целосна сценографија.

Секоја од венчаниците носи своја уникатна вредност и своја персонализирана приказна, што е и карактеристичен печат на ЕЛЕНА ЛУКА, заедно со ексклузивните ткаенини и врвната техничка изведба. Секако дека кога ќе се посветите на реализацијата на шоу од ваков размер, тоа останува трајна вредност и воедно дополнително придонесува за „Цар Самил“ да стане уште поатрактивна дестинација на туристичката мапа.

МАРИЛИ: Кои се актуелни проекти на коишто работат ELENA LUKA HOME и ELENA LUKA ENGINEERING?

ПАНДЕВА: Горда сум што ELENA LUKA HOME и ELENA LUKA ENGINEERING како реномирани компании се репрезент на највисоките светски стандарди во градежништвото.

Дека сме доследни на нашата визија да го предводиме пазарот со прогресивни идеи, сведочат и нашите актуелни премиум станбено-деловни објекти FUTURA 2, MELODY и CONNECT5+.

Целта на ELENA LUKA HOME е да понудиме идеално место за живеење кое ќе биде симбол на персонализиран животен стил, модерен дизајн, ексклузивитет, безбедност, функционалност, енергетска ефикасност – квалитет како врвен приоритет којшто е наш печат на препознатливост. Нашата идеја е да креираме позитивен импакт преку архитектурата од секој аспект, а со актуелните проекти ја продолжуваме нашата успешна приказна.

Ексклузивниот објект FUTURA 2 е вториот од вкупно четирите станбено-деловни објекти од капиталниот проект FUTURA Complex на површина од 47.668м2, кој што е на одлична локација во општина Кисела Вода, на бул.„Борис Трајковски“, на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје.

Апсолутно FUTURA Complex е новиот модерен архитектонски печат на градот, според сите параметри со ултра модерен концепт на домување, вклучително и со атрактивен деловен простор кој што гарантира успешни бизнис приказни.

MELODY исто така е одличен станбено-деловен објект со површина од 7.322m2, со многу атрактивна локација во населба Железара, во непосредна близина на парк шумата Гази Баба и една огромна зелена површина во опкружувањето што секако придонесува за зголемување на квалитетот на живот на сите станари.

Интензивно и со голема посветеност се работи паралелно на сите актуелни проекти и според највисоките стандарди.

МАРИЛИ: Кои идни проекти ги планирате во блиска иднина во однос на градежништвото? Се гради ли на нови локации?