Доделена специјална Благодарница на м-р Мирјана Марковска во рамки на јубилејот на „Марили Бизнис Клуб“

Во рамки на одбележувањето на 10-годишниот јубилеј на  „Марили Бизнис Клуб“, генералната менаџерка на агенција „МАРИЛИ“, Лидија Трипуноска ѝ додели Специјална благодарница на м-р Мирјана Марковска, сопственичка и генерална менаџерката на адвокатската канцеларија „Марковска & Андревски“.

М-р Марковска е долгогодишна соработничка и членка на „Марили Бизнис Клубот“, потпретседателка на Здружението „ЕЛИТ“ и основачка и претседателка на Здружението „ХОУП“ за поддршка на лица со афазија.

Благодарницата и е доделена за долгогодишна соработка и поддршка на проектите на агенција „Марили“. Во изминатите години, Марковска двапати донирала во рамки на хуманитарните донации што ги организирал Клубот и била дел од проектите „Избор на најуспешни жени менаџери“ и „Бизнис Каталогот на Македонија“.

Марковска беше избрана за една од најуспешните жени менаџери 2006 година во рамки на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ и оттогаш, поточно цели две децении, е постојан и верен пријател на проектите на „Марили“.

Со својата лична битка со афазијата, таа претставува голема инспирација за „Марили“, за членките на „Марили Бизнис Клуб“, но и за сите оние кои се соочуваат со исти или слични состојби.

М-р Марковска се заблагодари со помош на дидактичко помагало обезбедено преку Здружението „Отворете ги прозорците“ кое е посветено на целосна асистивна технологија и дигитална инклузија.

На иницијатива на Мирјана Марковска во 2023 -та година е формирано Здружението за помош и поддршка на лицата со афазија „ХОУП“, кое во изминативе три години спроведе многу активности за осознавање на оваа состојба и едукации за соодветен третман.

За првпат оваа година, „ХОУП“ влегува во партнерство со Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кој отстапува простор којшто ќе се пренамени за потребите на лица со афазија и во кој што ќе се одржуваат обуки и едукации за засегнатите, за нивните семејства, како и за едукација на медицински кадар, меѓу кои и логопеди специјализирани за третман на афазија. Исто така, целта на „ХОУП“ е да се поврзат сите оние кои ја водат истата битка бидејќи во заедницата се раѓа самодовербата.

Во нејзината поддршка голема заслуга има претседателката на Здружението „Елит“, Ленка Угриновска, како и сите членки на ова здружение.

На јубилејот на „Марили Бизнис Клуб“, генералната менаџерка на „Марили“ и организатор на настанот, Лидија Трипуноска, ги повика сите членки на Клубот да се приклучат кон поддршката на Здружението „ХОУП“, секоја на свој начин.


Статијата е прочитана 207 пати.

Сподели:


Видео: 30 години Агенција Марили

30 години јубилеј на агенција „Марили“

kb

oxxete