„Марили Бизнис Клуб“ ги промовира новите членки и ги најави јубилејните проекти на „Марили“

„Марили Бизнис Клуб“ на 2.10.2025 година ја одржа редовната есенска средба во Стопанската комора на Р.С. Македонија. Во присуство на над 55 членки на МБК беа промовирани и новите членки кои беа прогласени за најуспешни жени менаџери на овогодишната регионална манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“, во организација на Агенција „Марили“.

Новите членки на МБК  ги промовираше Лидија Трипуноска, генерален менаџер и сопственик на Агенција „Марили".

На членките им беа доделени симболите на Клубот, односно значка и клуб картичка. Секоја од членките беше презентирана со засебен телоп на којшто беа претставени основните карактеристики на компанијата во којашто менаџираат, како и ниви лични карактеристики. Секоја од новите членки се претстави пред останатите членки.

Нови членки на МБК се овогодишните лауреатки:

- Анита Атанасовска - „Супериор Лукс“

- Стевка Василева - ПЗУ „Белушкови“ Радовиш

- М-р Дафинка Ивановска - „Ревитал Козметикс“ Скопје

- Д-р Оливера Клинчарова - Делта Инс Брокер АД Скопје

- Д-р Даниела Михајловска - Дајмонд Дентал и Естетик Центар

- Елена Лотеска - Наумовска - „Брод Армада“ Охрид

- Д-р Маја Петаноска - ДПТУ „Дермаестетика“ Скопје

- М-р Ирена Миновска Пехливанова - АМСМ

- Арзијана Фејзи - „Рамацоти Фуд“ Гостивар

- Јанинка Чупаркоска - „Кожувчанка“ ДОО Кавадарци

- Проф. д-р Јана Манева - Чупоска - Претседателка на ДЛУМ

- М-р Барбара Оленик Станичиќ - „Јадран“ д.д Цриквеница, Р. Хрватска

- Слободанка Цока Стевиќ - ТК „Кондор Тис“ - Р.Србија

Специјална гостинка а воедно и членка на МБК, којашто се обрати пред членките на беше м-р Едита Даутовиќ од Агенцијата за недвижности „Милениум“ од Подгорица и претседателка на Жени претприемачи од Р.Црна Гора.  М-р Даутовиќ беше прогласена и за една од најупешните жени менаџери за 2022 година на регионалната манифестација „Избор на Најуспешни жени менаџери“.

М-р Даутовиќ во нејзиното излагање говореше за развојот на женското претприемаштво и напредокот на позицијата набжената во црногорското општество и какви се можностите за заемна соработка.

Г-а Трипоноска по промоцијата говореше и за идните планови на агенција „Марили“ која следната година одбележува 30 години јубилеј на двата најзначајни проекти, и тоа 30 години манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“ и 30-гдишнина од издавањето на „Бизнис Каталог на Р. Македонија“.

Следната, 2026 година е јубилејна и за Марили Бизнис Клубот кој ќе прослави 10-от роденден.

Говорејќи за јубилејната манифестација, Трипуноска нагласи дека женското менаџерство и лидерство, денес, по три децении, е реална сила и вистинка потпора на македонската економија, а тоа се базира пред се на долгогодишното, континуирано, успешно менаџирање на солиден број жени менаџери од државава.  

Во однос на Бизнис Каталогот кој е еклузивно и единствено издание од ваков вид во земјава и регионот, следната година во Воведниот дел ќе биде посветено на 35-години независност на современата македонска држава со бројни интервјуа од видни стопанственици, успешни менаџерки, еминтни уметници и економски анализи, како и ретроспектива за проектот „Избор на најуспешни жени менаџери“. 


Статијата е прочитана 167 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско