„Македонија2025“ е добитник на наградата за филантропија ОКО за 2019 година

„Македонија2025“ е добитник на наградата за филантропија ОКО за 2019 година во категоријата здружение/фондација за посебен придонес кон развој на филантропски практики во Македонија. 

Цел на наградите за филантропија ОКО е да се препознаат и јавно истакнат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата, но и да го промовираат и стимулираат развојот на филантропијата и културата на донирање во нашата земја. Самата награда е исто така можност да се подигне јавната свест и да им се помогне на оние кои се вклучени во активностите и проектите за подобрување на општеството да добијат поддршка и да дадат важни пораки за солидарност, почит, хуманост и љубезност.

Наградите за филантропија ОКО ги доделува ХОРУС Македонија, а се реализираат во рамки на проектот SIGN Up for Impact (SUfI) имплементиран од организациите - членки на SIGN - регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан. Проектот е финансиран од Европската унија, Балканскиот фонд за демократија, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и Шведската агенција за меѓународен развој.

 


Статијата е прочитана 431 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско