Јубилејна изложба на ДЛУМ по повод 75 години од основањето

Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер во Чифте амам и Мала станица ќе отвори јубилејна изложба на свои членови по повод 75 години од основањето. Изложбата што се реализира во соработка со Националата галерија ќе биде отворена во 20 часот во Чифте амам, а во согласност со антиковид-протоколите, приемот на посетители ќе биде од 19 до 19:50 часот.

„На изложбата ќе биде претставен богат творечки опус, слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори, почнувајки од основоположниците на ДЛУМ, преку истакнати доајени кои го трасирале патот и оставиле силен белег во современата ликовна сцена, средна генерација истакнати ликовни автори, па се до новата генерација којашто ја претставува иднината на ДЛУМ. Горди сме на нашето членство и со задоволство го славиме овој значаен јубилеј“, соопшти ДЛУМ.

Во двата објекта на Националаната галерија изложбата ќе може да се посети до 12 декември 2021.

 


Статијата е прочитана 480 пати.

Сподели: