Влезете во новата година со Eve’s Garden висококвалитетен козметички бренд на Марина козметик лаб

Марина козметик лаб создаде козметика со зголемени концентрации на активни состојки нутриенти, потентни екстракти во комбинација со напредните методи на козметички инжинеринг за нега на различни типови кожа

 

 

Влезете во новата година со Eve’s Garden, новиот козметички бренд на Марина козметик лаб. Новогодишните празници се одлична можност секој да направиме нешто убаво за себе, за своите блиски, но и за деловните соработници и клиенти и да им покаже дека вистински ги цени сите заеднички подвизи. За таа цел Eve’s Garden креираше уникатни сетови со внимателно одбрани производи во секој од нив, наменети за корпоративно дарување.

Eve’s Garden е нов и оригинален висококвалитетен козметички бренд на нашиот пазар, кој во својата програма нуди „high-performance“ козметички производи за нега на различни типови кожа.

Производите се изработени по врвни формули, со високи концентрации на активни состојки, нутриенти, потентни ектракти и сето тоа во комбинација со напредните методи на козметички инжинеринг. Како резултат на тоа, создадовме козметички производи кои спаѓат во генерацијата на т.н. performance козметика, која полека, но сигурно, заслужено го зазема местото на конвенционалната козметика, од причина што не нуди само естетска компонента туку и вистински делотворни козметички ефекти.

Сигурни во квалитетот на нашите производи се охрабривме да ја лансираме оваа козметичка линија дури и во време на пандемиско секојдневие кое наметна нови начини на живеење, но, сепак, кај секој од нас со изразена желба и потреба за правилна нега и здрав изглед.

Водени од фактот дека не секој скап козметички производ на пазарот е high-performance козметички производ и дека не секој high-performance козметички производ треба да е премногу скап, Марина козметик лаб создаде вискоквалитетна козметика со зголемени концентрации на активни состојки кои можат да бидат достапни за секој кој умее да ги препознае естетската и делотворната функција на Eve’s Garden козметичките препарати.

Сигурни сме дека сите посериозни комерцијални брендови, кои сакаат да остават впечаток кај своите партнери, деловни соработници или вработени, без сомнение ќе успеат да го остварат тоа со некој од брендираните корпоративни сетови на Eve’s Garden.

Во нашата програма нудиме три типа на корпоративни новогодишни сетови, со кои покрај комплетно брендирање, врвен елегантен дизајн, квалитетни спа производи, ви нудиме и опција за комплетна достава до сите ваши соработници.

Нашиот импресивен Executive set претставува комбинација од неколку луксузни спа производи, вклучувајќи ја лукс верзијата на урбаниот масажен путер за тело, шумлива бомба за капење, каолин маска, природен лукс сапун со колаген и антиоксиданси и висококвалитетен памучен пешкир за лице, сето ова надополнето со персонализирана картичка, спакувано во брендирана луксузна кутија, која е заобиколена со елегантна сатенска лента. Совршен подарок за раководните лица кои добар дел од работното време го поминуваат во стресни ситуации.

Corporate set на Eve’s Garden е идеален избор за корпоративен подарок, кој вклучува масажен путер за тело и  шумлива бомба за капење, која е апсолутен хит во светот и персонализиран  пешкир за лице, спакувани во комплетно брендирана кутија за подарок со средна големина, комплетирани со елегантно празнично писмо и соодветна сатенска лента во согласност со брендирањето.

Natural set е одлично економично решение за вашите вработени, партнери и клиенти. Вклучува природен антиоксиданс сапун и бомба за капење со шумлива купка, спакувана во мала брендирана кутија за подароци.

Дел од производите на Eve’s Garden можете да ги видите во нашиот каталог

https://issuu.com/eves_garden/docs/k2000

а достапни се за нарачка на следните линкови:

https://www.facebook.com/evesgardenmk/

https://instagram.com/eves_garden_mk

 


Статијата е прочитана 2073 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско