ДЗР: „Јавниот долг го достигна нивото од 60 отсто од БДП“

Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на успешност - Управување на јавниот долг-задолжување на Република Северна Македонија.

Ревизијата е извршена согласно годишната Програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2020 година и го опфаќа периодот 2015 – 2020, иако одредени области, прашања и настани се опфатени пред 2015 година.

„Во услови на Ковид-пандемијата постигнат е лимитот на јавниот долг од 60 отсто од БДП и долгот е зголемен за 15 процентни поени. Во Република Северна Македонија и други држави во меѓународни рамки како одговор на здравствено-економската криза не секогаш е обезбедено почитување на фискалните правила за управување со јавен долг и дефицит и има зголемување на нивото на јавниот долг“, наведува ДЗР.

Задолжувањето за финансирање на буџетскиот дефицит кој е последица на проектирани повисоки расходи од приходи во Буџетот на РСМ изнесува дури 88 проценти од државниот долг, односно 75 осто од јавниот долг.
Во однос на нивото на долгот и одржливост на долгот утврдено е дека во услови на Ковид-19 пандемијата постигнат е лимитот на јавниот долг од 60 отсто од БДП, кој бил утврден како лимит во Политиката за управување со јавен долг во претходниот период.

Целосниот извештај може да се прочита на https://dzr.mk/sites/default/files/2022-02/62_Upravuvanje_so_javen_dolg_Zadolzuvanje_na%20RSM_2021_1.pdf. 


Статијата е прочитана 340 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско