Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите”

Меѓународната поетска манифестација „Празник на липите”, ќе се одржи денеска во просториите на Друштвото на писателите на Македонија. На свеченоста ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“ на поетите Аднан Озер (Турција) и Гордана Михаилова Бошнакоска (Северна Македонија). Беседи за добитниците ќе одржат Ерол Туфан, проф.д-р Христо Петрески и академик Влада Урошевиќ.

На свеченоста ќе биде врачена и наградата за најдобра песна на тема „Липа” на македонскиот поет Стефан Марковски.

 

Наградите ќе ги врачи проф.д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, а покровители на манифестацијата се: Министерството за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје и Турскиот културен центар „Јунус Емре” – Скопје.  


Статијата е прочитана 219 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско