Инфо

Нова студиска програма МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ на додипломските студии во БАС

четврток, 18 август 2022

Со професионални студии по менаџмент, подготвени сте за работа уште од првиот работен ден. Студиите се тригодишни со стекнати 180 ЕКТС, по што се стекнува звање дипломиран маркетинг менаџер

 

Бизнис академија Смилевски БАС воведува нова студиска програма МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ на додипломските студии.

Oсновна цел на оваа програма е да понуди комбинација од теоретски и практични знаења за студeнтите и да им овозможи нивно вклучување во маркетиншките процеси и предизвиците со кои се соочуваат маркетинг менаџерите. Преку овој пристап тие се оспособуваат за идентификување на потребите на потрошувачите и пазарот; осмислување и воведување на производи/услуги или нивно тековно подобрување; позиционирање на производите/услугите на пазарот како и нивно промовирање пред целната публика.

Имајќи во предвид дека маркетингот, особено дигиталниот маркетинг станува составен дел на секоја компанија што е насочена кон максимизирање на профитот преку целосно задоволување на потрошувачите, се наметнува потребата за целосно истражување на пазарот, особено на потребите на потрошувачите кои постепено се оддалечуваат од стандардните производи и бараат нешто поинакво, приспособено на нивниот личен стил

Од друга страна, ова време на промени бара брзи реакции од страна на менаџерите во насока на усогласување на целите, способностите и ресурсите на компаниите, со потребите и можностите на пазарот. Целокупниот спектар на маркетингот: производите, услугите, луѓето, местата, информациите, идеите, потрошувачите и пазарите бара сериозна анализа и стратегиски пристап. Сите овие работи беа клучни за внимателно да ја дизајнираме и акредитираме студиската програма по маркетинг менаџмент на додипломските студии“, велат од БАС.

Студиите се тригодишни со стекнати 180 ЕКТС, а називот на дипломата по завршување на студиите е дипломиран маркетинг менаџер.

Подетални информации за структурата на програмата и предметите можете да погледнете на следниов линк: https://bas.edu.mk/studii/marketing-menadzment/

 

Содржината е прочитана 249 пати.