Од 1 јануари струјата поскапува за 2,28 отсто

Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45% во првиот блок, за 2,87% во вториот блок, за 3,32% во третиот и за 3,84% во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5%, соопшти на прес конференција претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Тој рече дека регулаторите драстично ги намалиле процентите на зголемување на цената на струјата од она што го барала ЕВН хоум.

„Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН хоум го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45%. Во втор блок цената ќе се зголеми за 2,87%, додека предлог зголемувањето на ЕВН ХОМЕ е 8,54%. Во трет блок цената ќе се зголеми за 3,32% иако беше предложено да има зголемување од 9,63% и во четврт блок зголемувањето е 3,84 %, наместо предложените 11,86% “, -соопшти Бислимовски.

Тој посочи дека поскапувањето за 85 %о од домаќинствата ќе биде за 2,28%о или за 57-70 денари на просечната сметка.

Во однос на евтината тарифа, ЕВН Хоме предложи зголемување за 3,96 отсто, додека РКЕ одлучи да се коригира за 2,50%.


Статијата е прочитана 46 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско