Бизнис вести

Од 6 декември редовна авиолинија Скопје - Киев

вторник, 01 декември 2020

Од 6 декември се воведува нова директна авиолинија Скопје – Киев. Авиокомпанијата „Виндроуз“ (WINDROSE) ќе оперира со редовни летови на релација Киев-Скопје-Киев двапати неделно, во четврток и во недела, се вели во соопштението од украинската амбасада во земјава.

Летовите од аеродромот „Бориспиљ“ во Киев ќе се опслужуваат со авиони од типот Ембраер-145 и АТР72-600. Покрај тоа, како што наведуваат од авиокомпанијата „Виндроуз“, ќе биде понуден и удобен транзит од регионите на Украина – Харков, Днипро, Одеса и Лвов.

„Постоењето директни летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка, зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Северна Македонија со Украина и на Украинците со Република Северна Македонија. На овој значаен настан беше посветена средбата на амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук со генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак на аеродромот на Скопје на 26 ноември 2020 година“, се вели во соопштението објавено на Фејсбук страницата на Амбасадата на Украина.

Содржината е прочитана 522 пати.