Започна виртуелниот Самит „Македонија2025“

На првиот ден на Самитот се одржа панел- дискусија „Светот за време на криза: Економски реформи и глобални односи во ЈИЕ“ којашто се однесуваше на влијанието на Ковид-19 врз локалната, глобалната економија и можностите за економско заздравување

 

Вчера официјално започна 9. издание на Самитот „Македонија2025“ кој годинава за прв пат се одржува во хибридна/ виртуелна форма. Воведни поздравни обраќања имаа Вера Ставроф, претседавач на Одборот на директори на „Македонија2025“ и Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на „Македонија2025“.

„Ви посакувам топло добредојде на 9-то издание на Самитот ’Македонија2025’. Ова е тешка година за секого, но, сепак, решивме да ја испочитуваме традицијата, иако во различен, виртуелен формат. Во овој период пандемијата на Ковид-19 и здравствената/ економска криза низ светот се неизбежна тема на сите дискусии, но целта на Самитот е зголемен фокус кон заздравување на економиите, економските реформи, како и претставување на успешните примери и најдобрите практики кај компаниите од земјава и светот“, рече Вера Ставроф, претседавач на Одборот на директори на „Македонија2025“.

Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија2025 во воведниот говор потенцираше

„Сакам да повторам една фраза или мисла која стана мото на нашата органзиација, а се надеваме дека ќе стане мото на сите лидери во земјава: ’Не е важно дали се движиме лево или десно, туку НАГОРЕ или НАДОЛУ’. Ни посакувам на сите успешен Самит, инспирирачки дискусии и дебати, можност за поврзување и учење. Да покажеме дека знаеме, дека имаме желба и дека можеме да ги надминеме бариерите на тековната здравствена и економска криза и да зборуваме за иднината. Економскиот раст не се случува во вакуум. Нашите одлуки и активности денес ја обликуваат нашата иднина и иднината на нашите деца. Да носиме правилни одлуки“, посочи Мојсоска Блажевски. 

На првиот ден на Самитот се одржа панел- дискусија „Светот за време на криза: Економски реформи и глобални односи во ЈИЕ“ којашто се однесуваше на влијанието на Ковид-19 врз локалната, глобалната економија и можностите за економско заздравување, а истата учествуваа премиерот Зоран Заев, Кејт М. Брнз, амбасадор на САД во С. Македонија и Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во нашата држава.

Исто така, дел од вчерашата програма беше и бизнис интервјуто „Привлекување странски директни инвестиции: Како да имате корист за време на пандемијата“, каде зборуваа Дејвид Ист, раководител на СДИ и стратегија за производи, „Биро ван Дијк – Мудис“, кој беше интервјуиран од страна на Виктор Мизо, член на Одборот на директори на „Македонија2025“.

Самитот во следниве два дена ќе биде исполнет со инспиративни интервјуа, разговори со врвни бизнисмени, лидери, носители на политики и признати професионалци од областа на медицината.

 


Статијата е прочитана 632 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско