Шпанскиот писател Антонио Итурбе доаѓа во Скопје на промоцијата на неговиот роман „Библиотекарката од Аушвиц“

Познатиот шпански писател Антонио Г. Итурбе доаѓа во Скопје на промоцијата на неговиот роман „ Библиотекарката од Аушвиц“. Официјалната промоција на книгата што на македонски јазик ја објави издавачката куќа „Бата прес“ ќе се одржи во петок, на 30 септември во ЕУ информативниот центар EUROPE HOUSE со почеток во 17 часот. Итурбе еќе го потврди своето доаѓање.

Станува збор за роман кој е преведен на повеќе од 30 јазици, а македонското издание медиумската најава ја имаше на „Фестивалот на книгата 22“. За романот има голем интерес меѓу љубителите на книгата кои сега ќе имаат можност да се сретнат со авторот. Настанот е отворен за сите посетители и е бесплатен.

Книгата е дел од проектот на издавачот „Отворени книги, отворени граници“ и е поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и од Секторот за европски интеграции во Министерството за култура.

Антонио Итурбе е писател, новинар и универзитетски професор. Роден е во 1967 година, а уште од рана возраст живеел во Барселона. Романот „Библиотекарката од Аушвиц“ со кој стекна светска слава, беше и најпродаван роман според Сандеј тајмс.


Статијата е прочитана 268 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско