„Л&Н&Т Диагностик“ ги презентираше најновите производи на корејската фирма Boditech

Компанијата „Л&Н&Т Диагностик“ од Скопје, која веќе 15 години е единствен и ексклузивен застапник на територијата на Северна Република Македонија за фирмата Boditech од Кореја, неодамна во хотелот „Мериот“ во Скопје ги презентираше најновите производи од овој реномиран светски бренд, а чија примена има исклучителна важност во современите методи на напредната медицина.

На презентацијата што ја отвори генералната менаџерка на „Л&Н&Т Диагностик“, Наташа Паунова – Блажевска, како предавачи присуствуваа Eul Hwan Kim, генерален менаџер на Boditech за Европа, Hye Sung Kim, генерален менаџер за Балкан и Lee Yoojung, маркетинг менаџер за ТДМ.

Менаџерите од Кореја, покрај што ја преставија фирмата Boditech, нејзиниот напредок и раст, ги претставија и новите модели на полуавтоматскиот имунолошки анализатор I-CHROMA, како што се i-CHROMA III, M3, како и многуте нови тестови меѓу кои CYFRA 21.1 (туморски маркер за НСБК-неситноклеточен белодробен карцином), CA 19.9 (туморски маркер за панкреас), кардијални маркери, инфективни маркери и друго.

Предноста на овие најнови модели е што овозможуваат резултатот од сите тестови да се добива по 10 до 12 минути, со што многу е скратено времето, за разлика од претходно кога за резултати од овој тип се чекаше и по 2 до 3 дена.

Исто така, на стручен состанок на Медицинското здружение за медицинска биохемија и лабораториска медицина на Медицинскиот факултет беше одржана презентација на една новина што ја нуди фирмата Boditech, а тоа е „следење на количеството на терапевтски лекови кои се користат при лечење автоимуни болести и при онколошки заболувања“.

„Станува збор за една извонредно интересна тема која експертите ја прифатија со голем интерес и со желба да се имплементира и во нашите лаборатории. А, беше преставен и автоматски имунофлуросцентен анализатор од програмата AFIAS“, појасни менаџерката Паунова - Блажевска

Покрај големата палета на тестови, менаџерите на Boditech особено се задржаа на новата единствена програма на ТДМ-тестови, со кои се овозможува да се следи концентрацијата на повеќе типови лекови кои се користат при лекување на автоимуни заболувања, реуматидни заболувања, онколошки заболувања.

Со овие тестови ќе може да се одреди точната концентрација што пациентот треба да ја прими и тоа од полна крв (со земање крв од прст) за  само 10 до 12 минути.

Досега овие тестови кај нас се работеа по некои стари методи и резултатот се чекаше од 7 до 14 дена, или, пак, се земаше крв и се испраќаше во Германија, при што за резултати се чекаше по 14 дена.

„Ние како фирма секогаш ќе ги следиме новитетите и секогаш први ќе ги информираме нашите клиенти“, истакна на крајот на презентацијата менаџерката Наташа Паунова-Блажевска.

 


Статијата е прочитана 759 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско