Избрани 19 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а во состав Симона Јованоска (претседател), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 35 романи, избирајќи 19 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Жири-комисијата констатира дека годинашната продукција се одликува со широка жанровска и тематска разноликост.

Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 15 март.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 24-ти пат, соопшти Фондацијата „Славко Јаневски“.


Статијата е прочитана 237 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско