Николовски на средба со производителите на зимска зелка на отворено во Валандово: Преку Интервентната програма ви ставаме на располагање 500.000 евра

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Валандово одржа средба со производителите на зимска зелка на отворено.

На средбата, како што посочуваат од МЗШВ, Николовски ги информираше производителите дека се подготвува нова интервентна мерка со која Министерството преку Интервентната програма ќе им излезе во пресрет на производителите на зимска зелка на отворено. Тој ја презентираше предлог-мерката, кои услови треба да бидат исполнети и начинот на аплицирање, а се разговараше и за одредување на најоптималните рокови за поднесување на барања, со цел никој да не биде оштетен.

„Станува збор за производство на расадена зимска зелка на површина од околу 500 хектари, од валанадовско-гевгелискиот регион. Министерството предложи производителите на зимска зелка да добијат финансиска поддршка за остварено производство, за која цел  од буџетот на Интервентната програма ќе се издвојат 500.000 евра, сума со која се опфатени сите производители, со што уште еднаш докажуваме дека се грижиме за секој еден земјоделец“, појаснуваат од Министерството.

Интервентната програма, се додава во соопштението, е нова програма која МЗШВ ја креираше уште пред почетокот на кризата и која за цел имаше токму вакви ситуации, да има однапред обезбеден буџет за да интервенираат секаде каде ќе биде потребно.

Крајниот рок за поднесување на барањата и сите детали за креирањето на мерката дополнително ќе се утврдат.

„Она што е најважно е дека Министерствто ќе интеревенира со 500.000 евра, пари кои се веќе обезбедени. Сето ова е потврда дека Министерството вистински се грижи за домашното производство. Секогаш сме тука за да им помогнеме на сите земјоделци и вложуваме реални напори да го одржиме и да го зголемиме домашното производство на храна“, наведуваат од МЗШВ.


Статијата е прочитана 253 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско