Објавен романот „Целата небесносина боја“ од Мелиса да Коста

Во издание на „Бата прес“ објавен е романот „Целата небесносина боја“ од француската авторка Мелиса да Коста. Романот од француски на македонски го преведе Ненад Баткоски, а објавувањето на делото е поддржано од Министерството за култура и туризам, во рамките на националната програма за култура во 2025 година. Станува збор за исклучително дело на младата авторка што стана француски и светски бестселер.

„Барам сопатник или сопатничка за својата последна авантура“, вака почнува огласот што дваесет и шестгодишниот Емил, еден од главните ликови на овој роман го објавува на интернет. Всушност станува збор за обид на младичот заболен од рана Алцхајмероваболест, последните две години живот колку што според дијагнозите на лекарите му преостануваат да ги помине далеку од роднините, поранешната девојка и пријателите. И така, во малиот кампер, низ шумите полни со мириси, покрај бреговите на темносините езера и бистрите потоци, по патеките што кривулесто се искачуваат меѓу врвовите на

Пиринеите и преубавите села на Окситанија, тој и сопатничката Жоана тргнуваат на пат. Не зборуваат многу, можеби барајќи некоја друга димензија во која може да се запознаат и да ги пронајдат вистинските зборови: оние што го допираат срцето, ама не повредуваат.

Мелиса да Коста е родена 1990 година, во едно мало село, во централна Франција. Почнала да пишува уште од раното детство. Во 2018 година го објавила својот прв роман на сопствена дигитална платформа. Романот „Целата небесна сина боја“ е возбудлив, трогателен роман исполнет со болка и надеж и постигнал значаен успех. Досега само во Франција се продадени повеќе милион примероци. 

Светски и француски издавачки феномен, според кој е снимен истоимениот филм во продукција на „Нетфликс“.

 


Статијата е прочитана 70 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско