РСБСП апелира на внимателно и одговорно возење во зимски услови
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема.
-Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови.
Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка на антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците, се наведува во соопштението.
РСБСП воедно апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
-Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.
Затоа, РСБСП упатува јасен апел: Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен, се наведува во соопштението од РСБСП.
Статијата е прочитана 19 пати.































