Марија Ангеловска ја доби наградата „Енхалон“, а Лју Јуе „In vino veritas“ на Струшките вечери на поезијата

Поетесата Марија Ангеловска е добитничка на наградата „Енхалон” за најдобра прочитана песна од млад автор, а поетесата Лју Јуе од Кина ја доби наградата „In vino veritas“ за најдобра песна посветена на виното на 65-тите Струшки вечери на поезијата.

За наградата „Енхалон“, како што соопшти НУМ Струшки вечери на поезијата“, се пријавиле седум поети со по три песни, додека за најдобра песна посветена на виното, напишана на етикетите на вината на „Тиквеш“ во конкуренција биле 23 автори.

убилејното 65-то издание Струшките вечери заврши синоќа со врачувањето на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“  на холандската поетеса Анеке Брасинга и „Браќа Миладиновци“ на македонската поетеса Николина Андова-Шопова на меѓународното поетско читање „Мостови“ на Мостот на поезијата.

Фото Струшките вечери на поезијата


Статијата е прочитана 14 пати.

Сподели:


Видео: 30 години Агенција Марили

30 години јубилеј на агенција „Марили“

Охридско лето 2026

kb

oxxete