Клуб „Надеж“ – вистинска надеж за напредок на лицата со афазија

Вчера беше отворен првиот клуб за лица со афазија – „Надеж“, во склоп на ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација при Клиничкиот центар во Скопје, како иницијатива на Здружението за помош и поддршка на лицата со афазија „Хоуп“, како партнерство со јавното здравство.

Афазија е здравстевна состојба на лица кои поради мозочен удар или други невролошки состојби се соочуваат со тешкотии во говорната комуникација.

Клубот е идеја и замисла на етаблираната адвокатка м-р Мирјана Марковска, која е основач на „Хоуп“ и самата се соочува со афазија.

Бројните активности со коишто изминатите три години се занимаваше „Хоуп’ создадоа потреба за едно сопствено катче каде лицата со афазија ќе можат да се дружат, да ги споделуваат искуствата, да се едуцираат заедно со нивните семејства, но истовремено ќе се врши и едукација на медицински кадар за справување со состојбата афазија.

„Иако не постои официјална статистика на лица со афазија, од прилика нивниот број изнесува помеѓу 5000 и 10 000 лица, а во последно време сѐ повеќе се засегнати млади лица “, истакна директорката на Центарот за рехабилитација, д-р Нермин Теловска.

Клубот ќе биде отворен за сите лица со афазија со бројни иновативни активности, а прва членка на Клубот е токму Мирјана Марковска.

Во поддршката на градежните активности за реновирање на овој простор учествуваа градежните компании „Елена Лука хоум“ од Скопје и „Циклама инженеринг“ – Гостивар,  а дополнителни средства беа обезбедени од донаторскиот кружок на здружението „Конект“.

„Елена Лука хоум“ предводена од генералната менаџерка Елена Пандева, направи целосна преадаптација на просторот, од електрична инсталација до промена на под. „Циклама Инженеринг “ на чело со Стојмир и Тања Дејаноска, овозможи лесен пристап до Клубот, што е од особено значење за лица со афазија кои имаат потешкотии со одењето.

Целокупната организација и координација за сите активности поврзани со клубот ги водеше извршната директорка на „Хоуп“, Ленка Угриновска која им се заблагодари на сите помагатели и им додели благодарници, но и самата доби благодарница од „Елена Лука хоум“.

Една од главните активности кои ќе се одвиваат во Клубот е помош во лицата со афазија во подобрување на нивната вербална комуникација со помош на стручен кадар.

Главниот логопед на овој Клуб е Станислава Антевска која го предводи тимот на логопеди. Клубот постојано ќе биде модернизиран, доопремуван со најсовремени дидактички помагала и техничко-технолошки иновации, со цел подобрување на состојбата на лицата со афазија.

Во светот има речиси два милиони лица засегнати од афазија.

Извор: „Марили“


Статијата е прочитана 188 пати.

Сподели:


Видео: 30 години Агенција Марили

30 години јубилеј на агенција „Марили“

kb

oxxete