Временските услови поволни за земјоделски активности на отворено

Ако почвените услови дозволуваат, земјоделците може да почнат или да продолжат со активностите на поле, велат агрометеорлозите за МИА.

Времето е погодно за резидба на виновата лоза и овошките, за отстранување на старите, слаби, неразвиени и болни изданоци (гранчиња), но и за засадување нови лозја.

„Доколку почвените услови дозволуваат, земјоделците може да продолжат со пресадувањето на нови лози на празните места, со прихранување на есенските култури, со припрема на почвата за сеидба на раните пролетни култури, како и со садење на одредени рано градинарски култури“, велат агрометеоролозите.

Тие, сепак, потсетуваат дека, според прогнозата, од почетокот на неделава се очекува позначителна промена на времето со зголемена облачност, врнежи од дожд, засилен ветер и опаѓање на температурата. 


Статијата е прочитана 258 пати.

Сподели: