Заклучоци од вториот регионален „Марили Бизнис Форум“

Вториот регионален „Марили Бизнис Форум“ кој се одржа на 27 мај 2023 година во „Панорамика Дизајн Хотел“ во Скопје, а насловен како: Економски предизвици за предвидлив развој, овозможи плодни дискусии поделени во три панел сесии.

Прва сесија -  „Енергетски предизвици- нови можности во економијата“

Втора сесија - „Политики, практики и модели за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија“

Трета сесија - „Лична трансформација – клуч за успех за менаџерите во иднина“

На вториот регионален „Марили Бизнис Форум“ воведно обраќање имаше генералната менаџерка на агенција „Марили“, Лидија Трипуноска којашто говореше за круцијалната важност за надминување на актуелните состојби и проблеми во споменатите области, а претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски даде посебен осврт кон улогата на жената во сите пори на општеството, жената како лидер и двигател на промените. 

Темелно и сеопфатно обраќање поткрепено со презентација, имаше и специјалната гостинка Султанија Бојчева Терзијан, директорка на сектотот за монетарна политика, истражување и статистика во Народна Банка на Р.С. Македонија. Бојчева Терзијан даде темелно објаснување за пролетните макроеконмски прогнози на централната банка, како и за зеленето кредитирање.

Панелиститите кои се квалификувани и стручни лица, секој од својата фела дадоа свои видувања за можни решенија за проблемите наталожени во изминатиот, но и актуелниот кризен период. Меѓу панелистите имаше и претставници од државните институции, но и претставници од реалниот сектор и гости од регионот кои ги споделија своите искуства.

Во продолжение изнесените заклучоци:

ПРВ ПАНЕЛ: „ЕНЕРГЕТСКИ ПРЕДИЗВИЦИ – НОВИ МОЖНОСТИ ВО ЕКОНОМИЈАТА“

Модератор: Проф. д-р Маја Кузмановска – директор на Бизнис Академија Смилевски – БАС, Скопје

Панелисти:

- Трајан Ангелоски – претседател на ССКМ

- Драгица Устапетрова Атанасова– генерален менаџер на „Импера Плус Инженеринг“

- Спасе Спасески – косопственик и менаџер за развој во „АСП-ПАК“ Охрид

- Д-р Александра Наќева Ружин – специјален советник на министерот за финансии

Заклучоци:

-Ангелоски даде краток осврт за патот на енергетската трансформација по кој е тргната Р.С. Македонија правејќи паралела со земјите во регионот. Ја нагласи потребата од поголема ажурност во поглед на оваа трансформација која е клучна за развојот на земјата.

-Потоа дискусијата продолжи со споделување на лични искуства од страна на двајцата соговорници кои доаѓаат од реалниот сектор. Устапетрова Атанасова и Спасески кои говореа за потребата од промена на условите за работа во овој сектор, како и потребата од дигитализација која ќе овозможи поголема конкурентност.

-Беа споделени и позитивни практики во компаниите од каде доаѓаат соговорниците што беше еден поттик и охрабрување за сите останати. Користењето на обновливите извори на енергија беше посочено како императив од страна на сите соговорници.

-Д-р Наќева Ружин стави акцент на мерките кои се преземаат за поддршка на инвестициите во приватниот сектор од аспект на фискалната политика, нагласувајќи дека државата секогаш е потребна во насока на поддршка на секоја трансформација, но сепак промените треба да почнат на индивидуално ниво и да постои меѓусебна поддршка и помош на сите чинители во општеството.

-Во текот на дискусијата се говореше за потребата од инвестирање во знаење од оваа област заради следење на сите промени и новитети кои се случуваат во истата. А исто така беше нагласена и моменталната ситуација од недостаток на кадар кој особено е нагласен во овој сектор бидејќи важи за еден од помалку атрактивните сектори.

-На крај од сесијата д-р Наќева Ружин ги сподели своите искуства како поранешна амбасадорка во Кралството Шведска, со оглед на тоа што станув а збор за земја која е лидер во справување со еколошките предизвици и водечка земја во енергетската трансформација. Пренесените искуства беа дополнителен поттик и мотивација како треба да се работи за да го изоди нашата земја успешно патот на енергетската трансформација.

-Беа пренесени многу позитивни искуства кои покажаа дека патот кон ефикасен, еколошки и конкурентен енергетски систем е започнат. Сите заедно, поагилно и поажурно, со поддршка на државата, треба да се приклучиме кон оваа трансформација.

ВТОР ПАНЕЛ – „ПОЛИТИКИ; ПРАКТИКИ И МОДЕЛИ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА“

Модератор: Викторија Шотароска Трајкова – генерален менаџер на П.И.К.Ко Дооел Скопје

Панелисти:

- Загорка Блажевска – Извршен менаџер на „Вита Нова“ Скопје

- Аракси Микаелијан – Генерален менаџер на „Инфо Тим Логистика“, Нови Сад, Р. Србија

- Јован Дабевски – консултант во прехранбена индустрија, сектор млекарство

- Анатол Кутревски – Втор извршен менаџер на „ПЕКАБЕСКО“ Скопје

Заклучоци:

-Прехранбената индустрија е есенцијална и не смее да има застој во производството на храна, без разлика на тоа дали се зголемиле цените на суровините или на производите

-Во недостиг на суровини, секој производител мора да има варијанта да може да смени рецептура, доколку има недостаток на суровини, а притоа да нема големи варијации во цените на крајните производи, а со тоа да нема застој во производството

-Војната  во Украина и наглиот влез на житарки во Европа и регионот ја намалија цената на житарките кои Србија ги извезува. Една од причините е и несоодветнотно информирање и искористување на можноста од страна на земјоделците да го искористат моменот кога цената за нив била поволна за продажба.

- Иако сите произведувачи сакаат да имаат годишен план, мора да се подготвени на неочекувани шокови и бури.

- Србија и земјите од Балканот повеќе извезуваат суровини отколку готов производ, што е хендикеп, што значи дека треба да ја зајакнеме преработувачката индустрија, особено сточарството

- Во периодот што следи, се очекува пад на цените на житарките, посебно на пченката. Нема да има големи варијации во однос на цените затоа што Европа се засеани големи површини на житни култури.

- Зголемените цени на житарките и енергенсите ја намалија куповната моќ на граѓаните бидејќи цените на производите растеа а приходите остаа исти. Сето тоа доведе до намалување на  производството во месната индустрија.

- Цените во млечната индустрија се ниски во однос на скапите инпути и државата интервенираше во креирање на цените токму во млечната индустрија

- Во млечната индустрија постојат многу компании коишто не само што немаа профит, туку имаа загуби и нивниот опстанок го продолжуваат со помош на кредитирање.

-Иако во Македонија суровините во млечната индустрија  се обезбедуваат  од домашни фармери, сепак постои опасност од снемување на фармеството, најмногу поради старосната граница и немање интерес кај младите да се заминаваат со оваа професија.

-Прехранбената компании станаа неконкурентни на пазарите во регионот на кои претходно беа стабилни, првино поради високата цена на електричната енергија.

-Држењето на баланс во соработката меѓу приватниот сектор и државата е многу важно бидејќи имаат различни ставови. Стопанските комори се линк преку кои се бараат содветни  модели и решенија  за да се надминат разликите.

-Агроиндустријата бара стабилност на откупните цени на основните земјоделски суровини меѓу кои спаѓа и млекото и заштита на домашното производство со тоа што ќе се зголемат царинските стапки за увоз на производи.

-Потребни се државни субвенции и кредити за да можат младите да инвестираат во фармерство. Треба да се следи примерот на соседна Р. Србија која ги субвенционире извозно ориентираните компании. Да се заштити производителот чијшто труд не се цени воопшто. За сметка на тоа увезуваме производи од суровини кои можат кја нас да се произведуваат помасовно и за пониски цени.

-Позитивни и негативни критики за „Отворен  Балкан“ концептот на коишто треба уште да се работи во иднина за да имаат бенефит сите инволвирани во иницијативата.

-Нетарифните бариери се пречка компанитте од млечната и месната индустрија да извезуваат во земјите од ЕУ. Членството во ЕУ би гу урнало овие бариери, ќе нема царина за увоз на суровини  и ќе ни овозможи пласман на повеќе пазари.

-Да се смени системот на субвенционирање, да се доделат субвенции за произведителите и големите компнаии кои можат да го зголемат обемот на производство и да ја намалат цената по единица производ. Друга мерка е окрупнување на земјоделското производство и решавање на системот за наводнување.

-Треба да се следат европските примери, преботувачите да бидат фармери, како што е примерот со големи европски брендови.

-Потребна е дигитална платформа за вмержување во регионот, што треба да се произведува и каде да се пласира. Да се фокусираме на домашните потенцијали во производство на храна. Вмрежување и равој на преработувачката индустрија се препораки за регионот.

-Во однос на недостаток на работна сила, примарен е демографскиот проблем, намален наталитет на населението. Едно од решенијата е увоз на работна сила.

-Дуалното образование во средното и високото образование е едно од решенијата за едуцирање на реално квалификуван и квалитетен кадар кој може директно да се вклучи во пракса да придонесе за равој на индустриите.

-Иднината е во циркуларната економија, преработка на отпад од храна и добивање на производи со додадена вредност.

ТРЕТ ПАНЕЛ: „ЛИЧНА ТРАНСФОРМАЦИЈА – КЛУЧ ЗА УСПЕХ НА МЕНАЏЕРИТЕ ВО ИДНИНА“

Модератор:

Д-р Даниела Карадаков – Менаџер за обука и развој на Нептун Македонија

Панелисти:

- Каролина Стојчевска – Национален менаџер за набавка во Кромберг и Шуберт Македонија;

- Санија Мурати – Претседател на НВО Лејди, Косово и директор на BWA

- Тања Евросимовска – Основач на Матрона Конс и Export Academy Controlor на БиМек ДОО, директор на Папапостолоу Белград ДОО

Заклучоци:

- Со цел да се обезбеди континуирана транзиција, неопходно е континуирано вложување во човечките ресурси, грижа за нивниот професионален и кариерен развој, многу можности за учење и сл.

- Жените менаџери и претприемачи во иднина треба да бидат отворени за соработка, вмрежување, тие имаат храброст, имаат идеи, потребна е меѓусебна поддршка за да можат да успеат во намерите.

- Работата треба да претставува пасија. Треба постојано да се трага по нови можности, нови знаења, нови предизвици. Да се размислува и за излез од нашите граници, да се дејствува интернационално.

- Жените често се поснаодливи на менаџерски функции, поиздржливи, знаат да бидат доста храбри, знаат да се снајдат во повеќе ситуации и да бидат мултитаскинг.

- Идните менаџери треба да го искористат искуството на другите луѓе, да не се срамат да побараат совети, да се консултираат со соодветни експерти. За одржување и развој на еден бизнис добро е да се има добар сметководител и добар правник.

- Со цел задржување на вработените, важна е грижата за талентите во организацијата, важно е нивното задоволство и грижата за истото, задоволувањето на основните потреби, фокус на платата. Потребни се и системски државни промени со цел да се намали миграцијата на населението надвор од нашата држава. Потребен е поквалитетен кадар кој образовните установи ќе го модификуваат според реалните потреби на организациите.

- Важна е проактивноста и самоиницијативноста кај луѓето, како и грижата за личниот развој и постојаното учење.

- Многу е важно менаџерите и претприемачите да бидат во тек со промените, да се носат со истите, да бидат подготвени да ги имплементираат во своето секојдневно работење.

Изнесените заклучоци, искуства, видувања и предлог решенија на краток или пак среден рок се мал придонес за надминување на актуелните кризи, но и патоказ во која насока треба да се движат работите.


Статијата е прочитана 587 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско