„Кожувчанка“ со поддршка за новите студенти на Факултетот на земјоделски науки и храна
Факултетот за земјоделски науки и храна -Скопје при УКИМ во Скопје, на 1.10.2025 година го одржа првиот академски час во новата 2025/2026 академска година.
Свечениот час претставуваше значаен момент за факултетот, на кој се нагласи посветеноста кон квалитетното високо образование, научноистражувачката дејност и подготовката на идни стручни кадри во областа на земјоделството и производството на храна.
Првиот академски час го одржа Продеканот за настава, проф. д-р Билјана Кузмановска, која ги запозна новозапишаните студенти со факултетот и наставните активности.
Во соработка со кариерниот центар при ФЗНХ, претседателот на Факултетското студентско собрание на ФЗНХ, Никола Тосковски, на новозапишаните студенти на ФЗНХ им подели маички - донација од компанијата „Кожувчанка“.
„Кожувчанка“ како една од водечките компании за производство на вода и сокови е една од главните поддржувачи на истражувањата и образованието во областа на земјоделството и храната.
Статијата е прочитана 163 пати.































