Новиот суперхерој пристигна кај нас, запознајте ја новата OPEL FRONTERA

Секој може да биде херој во очите на своето дете, но само еден е семеен херој во очите на сите!Новата Opel Frontera е совршен SUV!

Од Еуроимпекс бевме поканети да се запознаеме со најновиот модел на Opel, новата Opel Frontera во дворот на Roosty во прекрасна германска атмосфера.

На самата прoмоција на моделот имавме можност да видиме две прекрасни верзии. Едната во промотивната Kanyon портокалова боја во GS ниво на опременост, а другата во Edition ниво на опременост, со впечатлив и необичен дизајн на Khaki зелена боја, бел кров, плус за дополнителен ретро шмек, челични тркала во бела боја.

На изненадување на посетителите истата беше со кровен шатор за четири лица. Прекрасна верзија за сите авантуристи!

„Новата Opel Frontera е секојдневен херој кој семејствата го посакуваат. Со својот робустен дизајн, комфор, многу простор, економичен и достапен по навистина прифатлива цена,  ова е вистинскиот автомобил дизајниран за сите Вашите секојдневни животни авантури. И не, не е автомобил наменет само за семејства и за оние кои сакаат опција со 7 седишта, туку е наменет и за сите лица кои се љубители на авантури и сакаат со своето возило да добијат многу можности.“ – изјави Томислав Нафидов, Бренд Менаџер во Еуроимпекс.

Новата Opel Frontera се понудува на македонскиот пазар по фантастична цена од 21.000 € за Edition Ниво на опременост и 110 КС во HYBRID верзија и автоматски менувач со електрична паркирна сопирачка.

Сѐ со цел за потрошувачите да добијат уште повеќе, за доплата од 1.000€ на оваа опрема се добива и: кожен управувач, наслон за рака, 10” екран во боја со навигација, 130 0 камера за возење наназад и безжичен полнач за телефон!

„Вистинската супермоќ на Opel Frontera е токму нејзиниот фокус на деталите кои го чинат секојдневното функционирање и однос помеѓу возачот и возилото. Ова се огледува во јасниот, робустен изглед и продолжува во воздушестиот, флексибилен ентериер. Бројни практични решенија и многу голем багажен простор од 1.600 литри. Со патентираната функција Intelli-Seat за возачот и совозачот, Opel повторно ги прави иновациите за седиштата достапни за широк спектар на клиенти. Покрај тоа, инфозабавниот систем и другите системи кај Frontera, за разлика од многу нови патнички автомобили, можат да се управуваат лесно и интуитивно. На пример, Frontera Hybrid од основно ниво на опременост доаѓа со станица за паметни телефони како стандард што им овозможува на патниците да го користат својот мобилен уред како извор на инфозабава.“ - Изјави Драган Јовев, Продукт Менаџер на Опел во Еуроимпекс.

Новата Frontera може да биде и електрифицирана, што ја прави поефикасна и во исто време погодна за секојдневна употреба. На пример, целосно електричната Frontera Electric со моќност од 83 kW (113 КС) и батерија од 44 kWh (употреблив капацитет) може да помине до 305 km (според WLTP) со едно полнење.

За да се наполни батеријата до 80% од капацитетот потребни се само 26 минути на станица за брзо полнење од 100 kW DC. А со верзијата со долг опсег, што ќе следи во иднина, ќе биде можно да се поминат до околу 400 km.

За повеќе информации обратете се кај дилерската мрежа на Опел Македонија или на нивната

 

Веб страна:  www.opel.mk


Статијата е прочитана 61 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско