Најзаслужниот борец за правата на руралните жени Васка Мојсовска беше дел од Global Women in Agritech Summit во Брисел

 „Глобалниот самит на жени во агротехнологијата“ или Global Women in Agritech Summit се одржа од 24-ти до 27-ми септември 2025 година, во Брисел, Белгија.

Домаќини на Самитот беа белгиската принцезата,  Изабела Орсини де Лињ де Ла Тремоил, и белгискиот принцот,  Едуар Ламорал де Лињ де Ла Тремоил и Садија Лакехал, претседателка на Светската асоцијација за мали и средни претпријатија, Канада, а Самитот беше поддржан од Emperia Industries Connect.

На Глобалниот самит учествуваа претставнички, храбри жени земјоделки од сите континенти, од многу земји од светот, меѓу кои Кина, Индија, Бразил, Кенија, Мароко, Грузија, Канада, Англија, Египет, Тунис, Брегот на слоновата коска и многу други.

Единствена претставничка од Македонија беше Васка Мојсовска, генерална менаџерка на „Агро Калем“ Тимјаник, и донеодамнешна претседателка на Националната федереција на фармери на Македонија.

Мојсовска беше предложена за учество на Глобалниот самит од Ксенија Вангелова и BIC SR Центар за бизнис иновации од Струмица, за да ги претстави предизвиците и новите технологии на жените од руралните средини од Македонија.

Мојсовска говореше на панел дискусијата со наслов: Жени во земјоделството: Употреба на напредни технологии, проблеми, предизвици и препораки.

 „Ми беше чест што бев панелист на овој Глобален самит каде што имав можност да зборувам за предизвиците на руралната жена во земјава, како и за мојата работа во земјоделството“, вели Мојсовска. 

Инаку, денеска, 15 Октомври, се одбележува Меѓународниот ден на руралните жени.

Овој датум беше назначен за Меѓународен ден на руралните жени во 1995 година, од страна на граѓанските организации на четвртата светска конференција за жените во Пекинг и беше прогласен за официјален ден во 2007 година од страна на Генералното собрание на ОН. 


Статијата е прочитана 186 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско