Ивановски освои трофеј во Австрија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е победник на турнирот што се одржуваше во Крамзах, Австрија.

Македонецот денес во финалето го победи Џерард Кампана Ли од Јужна Кореја, со 2:0. Во двата сета Ивановски беше подобар и ги реши со 6:2.

Ивановски кој е 335. На АТП ранг-листата беше втор носител на турнирот кој се играше за награден фонд од 25 илјади долари. Ли е 601. На АТП рангирањето.

Ова е втор трофеј за македонските тенисер. Претходно победи на турнир во Скопје минатиот месец.


Статијата е прочитана 292 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско