Промоција на стихозбирката „Се најдовме еден со друг“ на поетесата и успешна претприемачка Едита И. Даутовиќ
По промоциите одржани во повеќето црногорски градови, стихозбирката „Се најдвме еден со друг“ на поетесата и успешна претприемачка Едита И. Даутовиќ, на 26 септември беше промовирана и во Бијело Поље во Центарот за култура.
На промоцијата говореа: Един Смаиловиќ и авторката Весна Кљајиќ. Стиховите ги читаа Весна Шчекиќ и Ацо Срдановиќ, додека низ музика ги следеше флејтистката Вилка Вучиниќ. Модераторка на настанот беше Селма Хуриќ. Стихозбирката е издадена од „Спирит Арт Монтенегро“ од Подгорица, а е поддржана од Фондонт за заштита и остварување на малцинските права. Стигозбирката претходно беше промовирана во преполната Медиумска сала на КИЦ „Будо Томовиќ“ на 23 март, а на 18 март беше претставена и пред белградската публика во „Театар Лево“, каде што се бараше место плус. Во Пријепоље беше одржана промоција кон крајот на април во организација на Домот на културата на Пријепоље, родниот град на авторката, каде што одвај ја собра публиката и се бараа уште седишта.
Во Никиќ, книгата беше промоворина во организација на ЈУ Народна библиотека Његош во рамки на манифестацијата „Ноќ на книгите, приказна која трае“. Во преполната сала на „Хотел Зета“ беше одржана и поетска ноќ со Едита И. Даутовиќ каде беше и промовирана стихозбирката „Се најдовме еден со друг“, во организација на Културно – информативниот центар Даниловград „Бијели Павле“. Поетесата имаше прилика да се промовира и во Мојковац во организација на тамошниот Културен центар.
Промоцијата на стихозбирката заврши во Бијело Поље, со што зе заокружи проектот „Промоција на поезијата на Едита И. Даутовиќ“.
„Лесно е да говорите за поетесата Едита затоа што Едита е вљубена во својата песна, вљубена е во љубовта. Она само го пишува она што битисува во неа. Едита рајски дише и рајски мириса“, изјави Драган Митов Ѓуровиќ и додаде дека на поетите им е најдраго кога читателите ќе се пронајдат себеси во песните, како тие самите да ги напишале, а токму тоа го доживуваaт со поезијата на Едита.
„Нудејќи ја оваа збирка песни, Едита успева да нѐ убеди во својата вистина, за нѝ ја засвири „Ода за љубовта“ на мостовите на Лим, и во прегратките на родното Пријепоље да ги открие своите мисли и желба за лична, но и заедничка среќа. Оваа стихозбирка со сигурност нѐ тера да размислуваме и да се приспитуваме. Никогаш не е доволно да му се нагледаме на ѕвезденото небо или пак на човековото срце, а во оваа збирка песни најмногу преовладува срцето со една исконска порака, дека животот нѝ го враќа она што ние им го даваме на другите. Едита нежно и сосема ненаметливо ќе ве натера да ѝ поверувате, доколку не сте знаеле, дека Љубовта е најголемата фрекфенција во Универзумот, дека сѐ има цена освен животот, дека поетот пишува за да не го прекине молчењето, „дека времето ништо не лечи, туку само поминува“, дека „љубовта е збор на кого му се дава смисла“ и онолку „колку што ве има во нечии очи“ тоа е „едноставно начинот на постоење“. Дека е тешко да станеш, а уште потешко да останеш човек и дека сонот трае онолку колку што трае и животот“, напиша почитуваната книжевничка Миланка Аритоновиќ Ракочевиќ за стихозбирката на Едита И. Даутовиќ „Се најдовме еден со друг“.
Извор: culture-corner.me
Статијата е прочитана 495 пати.