Едукација за регенеративна естетика во рамки на 10 -от јубилеј на „Марили Бизнис Клуб“
„Марили Бизнис Клуб“ на 8.10.2025 го прослави 10-от роденден и ги промовираше новите членки. Во рамки на оваа средба беше одржана и сеопфатна едукација за естетската медицина, придобивките и опасностите од нејзината неадекватна примена и за најновата терапија за регенерација и ревитализација на кожата и косата со егозозоми.
Едукации преку свои презентации одржаа д-р Андријана Ѓорѓеска, специјалист по општа хирургија, супспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија од ЈЗУ Клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје, генералната менаџерка на ЛНТ Диагностик, Наташа Паунова Блажевска која за првпат во нашата земја ги донесе иновативните автологни егзозоми добиени од сопствена крв, како и д-р Горица Дачевска од ПЗУ „Др. Горица“, еминентен лекар, дерматовенеролог и врвен дијагностичар.
Д-р Ѓорѓеска говореше на тема: Компликации од естетски процедури – Што понатаму кога „Инстаграм трендот“ ги засенува медицинските ризици“, и преку практични примени ги образложи последиците од употреба на несоодветни материјали и кога неедуциран кадар ги врши естетските корекции. Д-р Ѓорѓеска потенцираше дека е од исклучителна важност сите медицински препарати да се аплициираат исклучиво во медицински установи, од стручни медицински лица, затоа што за жал, исходот може да биде и фатален.
Генералната менаџерка на ЛНТ Диагностик, Наташа Паунова Блажевска која за првпат во нашата земја ги донее иновативните автологни егзозоми добиени од сопствена крв, подробно објасни како се добиваат егзозоми, зошто се врвот во регенеративната медицина и дека заменуваат 6 ПРП третмани. Паунова Блажевска нагласи и дека материјалот/крвта која се зема од пациентот, мора да се складира во соодветни епрувети и да се води посебна грижа.
Искусната докторка, специјалист по дерматовенерологија и врвен дијагностичар д-р Горица Дачевска говореше на тема:„Егзозоми, сила на сопстевната регенерација, персонализиран пристап кон регенеративната естетика и решавање на дерматолошки проблеми“.
Д-р Дачевска одржа стручно предавање посветено на една од современите теми во естетската и регенеративната медицина - терапијата со егзозоми.
Во фокусот на предавањето беа можностите, ефектите и практичните искуства од примената на егзозомите во ординацијата на д-р Горица Дачевска, како современ пристап насочен кон подобрување на квалитетот и изгледот на кожата и косата.
Посебен акцент беше ставен на правилната индикација, индивидуалниот пристап и стручната проценка, бидејќи современата естетска медицина не подразбира само следење на трендовите, туку нивно одговорно и професионално применување во интерес на пациентот.
Предавањето беше дел од јубилејната програма на Марили Бизнис Клуб - 10 години поврзување, инспирација, промоција и поддршка на жените претприемнички.
Статијата е прочитана 177 пати.



























