Дурмиши: Просечната потрошувачката кошничка во октомври 59.149 денари
Просечната потрошувачката кошничка во октомври била 59.149 денари што е 942 денари повеќе во однос на септември или 1,6 отсто, соопшти денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Секојдневно се мониторираат цените од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), рече Дурмиши
„Засега цените се во рамки на релативна пазарна стабилност. Нашата цел е да интервенираме само ако има потреба, односно економска оправданост. Кога ќе бидеме известени од ДПИ дека има девијантно однесување кај трговците, тогаш ќе постапиме“, истакна Дурмиши.
Според Дурмиши, показателите внимателно се анализираат.
„Во еврозоната инфлацијата е четири отсто. Ние сме најдобри. Сепак, инфлацијата кај нас треба да е под три отсто и ќе го достигнеме тоа до крајот на годината“, потенцира Дурмиши.
Во однос на минималната плата, информира дека Владата посветено работи на нејзино зголемување.
Извор: МИА
Статијата е прочитана 103 пати.



























