„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски е добитник на главната награда за најдобар филм Tokyo Grand Prix
„Сестра, брат и шахта“ на режисерот Милчо Манчевски е добитник на главната награда за најдобар филм Tokyo Grand Prix, наградата на гувернерот на Токио, на 39. Меѓународен филмски фестивал во Токио. Tokyo Grand Prix, позната и како награда на гувернерот на Токио, носи и парична награда од 3 милиони јени.
Жирито го награди филмот за вештото спојување на хуморот, трагедијата и драмата, за човечноста и сочувството кон ликовите, како и за комплексната и заокружена филмска приказна која истовремено трогнува и плени со својата разиграност.
Агенцијата за филм упатува искрени честитки до Милчо Манчевски, актерската екипа и сите филмски работници кои придонесоа за ова големо меѓународно признание.
Успех што ја носи македонската кинематографија на светската сцена!
Извор: Агенција за филм на Република Македонија
Статијата е прочитана 51 пати.



























