Media Solutions го стартуваше традиционалниот избор на Сајт на годината 2021

Номинирањето е до 13 февруари 2022 на www.sajtnagodinata.mk

 

Дигиталната маркетинг агенција Media Solutions го стартуваше традиционалниот избор на Сајт на годината 2021. Номинирањето беше отворено на почетокот на овој месец и ќе трае до 13 февруари.

Секој што сака да учествува во изборот може да го номинира својот омилен сајт на www.sajtnagodinata.mk  и тоа во 22 категории:

-         Најдобар забавен сајт

-         Најдобар сајт за вести и информации

-         Најдобар спортски сајт

-         Најпопуларна е-атлета

-         Најдобар мобилен сајт

-         Најдобара мобилна апликација

-         Најдобар корпоративен сајт

-         Најдобар сајт за е-трговија

-         Најдобар сајт за огласи и вработувања

-         Најдобар сајт за образование, наука и култура

-         Најдобар сајт за невладини организации

-         Најдобар сајт за владини/државни институции

-         Најдобар сајт за ИТ и електроника

-         Најпопуларен Јутјубер

-         Најпопуларен онлајн/хибриден настан

-         Најдобар сајт за финансиски услуги, банкарство и осигурување

-         Најдобар сајт за туризам и угостителство

-         Најдобар сајт за автомобилизам

-         Најдобар сајт за мода и убавина

-         Најдобар сајт за храна и здравје

-         Најдобра Facebook фан страна или група

-         Најдобра автоматизирана алатка/чет бот

Изборот на Сајт на годината традиционално се одржува од 2010 година и веќе прерасна во алатка за промоција на талентот на огромна група ентузијасти кои работат во сајбер просторот во Македонија.

 


Статијата е прочитана 650 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско