Во декември ќе се одржи виртуелен 9.Самит Македонија2025

Настанот ќе биде организиран во согласност со сите безбедносни протоколи за заштита од Ковид-19, па Самитот за првпат ќе се одржи од 1 до 3 декември (15:30 – 17:30 часот) во хибридна/ дигитална форма преку онлајн конференциската платформа hopin.com. , а со физичко присуство само на локалните говорници и организацискиот тим

Деветото издание на Самитот Македонија2025 ќе се одржи од 1 до 3 декември оваа година. Настанот ќе биде организиран во согласност со сите безбедносни протоколи за заштита од Ковид-19, па Самитот за првпат ќе се одржи во хибридна/ дигитална форма (15:30 – 17:30 часот.) преку онлајн конференциската платформа hopin.com. , а со физичко присуство само на локалните говорници и организацискиот тим.

Самитот Македонија2025 е врвен регионален настан кој претставува платформа за споделување знаења, поврзување на бизнисите и поттикнување промени во регионот на Југоисточна Европа. Со едни од најдобрите имиња во бизнисот, науката и технологијата како говорници, ја гради иднината во чекор со најразвиените земји во светот.

Во овој период, пандемијата на Covid-19 и здравствената и економската криза низ светот се неизбежна тема на сите дискусии, собири, конференции. Така ќе биде и на овој Македонија2025.

„Додека Самитот ги покрива овие теми, сепак, целта е зголемен фокус кон заздравување на економиите, економските реформи, како и претставување успешни примери и најдобри практики кај компаниите од земјава и светот. Ќе се зборува за економските реформи и меѓународните односи за време на здравствената и економска криза, за тоа како да изградите успешен бизнис во земја во развој, а ќе се дискутира и за моќта на компаниите со култура ориентирана кон луѓето“, велат организаторите.

Се очекува вклучување на над 400 високи претставници на институции и организации, дипломати, извршни директори, претприемачи, членови на академијата и млади лидери.

Дел од говорниците на годинешниот Самит се: Енди Пејкоф, основач на најголемата компанија за вода во светот „Нијагара ботлинг“, Сузан Ничовски, една од најуспешните претприемачки во Канада со македонско потекло, понатаму Харди Пемхива, извршен директор на „Еконет Глобал Лимитед“ во Јужна Африка, групација која се залага за градење одржливи бизниси со позитивен придонес кон општеството и многу други.

Покрај панел-дискусиите, Самитот вклучува и инспиративни интервјуа, разговори со врвни бизнисмени, лидери, носители на политики и признати професионалци од областа на медицината, како и специјален настан со претседателот Стево Пендаровски и успешните млади Македонци за иновациите и кодирањето.

Заинтересираните може да се пријават да бидат дел од овој настан и да остават свој белег во обликувањето на подобра, поефикасна и економски просперитетна иднина за регионот на Југоисточна Европа. Билетите можат да се купат по симобилчна цена од 20 ЕУР. 


Статијата е прочитана 1127 пати.

Сподели: