Инфо

Повторно реализиран Крошу ден после подолга пауза за сите вработени

понеделник, 12 септември 2022

Добро познатиот Крошу ден, односно забавата која компанијата „Кромберг & Шуберт“ ја организира за сите свои вработени на 8 септември, повторно се случи оваа година под мотото „Посветени на Вас 10 години“.

Со оваа забава компанијата ја прослави 10-годишнината од своето постоење во Битола, Македонија, како и отворањето на новата фабрика во зоната „Илинден“ во близина на Скопје. Исто така не беа изоставени и дел од колегите од фабриката во Крушевац, Србија.

„Поголеми на број, најголеми во срцето“ беше слоганот со кој оваа компанија ја претстави својата големина алудирајќи на константниот раст и развој, како и проширувањето кое е во тек со новата фабрика. 

Како и секој Крошу ден досега, сите вработени беа поканети и можеа да присуствуваат на забавата на која беше обезбедена скара, пиво и безалкохолни пијалоци во изобилство за комплетно уживање во неповторливата атмосфера.

За забавата се погрижија група „Маестро“ кои и официјално го означија почетокот, додека како ѕвезда на самиот настан се појави неповторливиот Исак Шабановиќ кој за кратко време успеа да препрасне во вистинска сензација и беше пречекан со громогласен аплауз.

Новитет кој досега не се има случено на било кој настан беше изработката на скулптурата „Обелиск“ изработена од страна на уметникот Стефан Малбашиќ, а насловена како „Со љубов до височините“, а платната за сликање беа место каде секој од вработените можеше да ја искаже својата креативност и да остави печат со четка и боја.

Со своите 5.300 вработени во фабриката во Битола, 400 моментални вработени во фабриката во Илинден и 2.000 вработени во Крушевац „Кромберг & Шуберт“ прераснува во една од најголемите компании не само во нашата држава, туку ги спојува и вработените од Македонија и Србија.

Честитаме на прекрасната организација и на годишнината на овој гигант во секој поглед и им посакуваме уште многу повеќе успеси.

 

 

Содржината е прочитана 54 пати.