„Макпетрол“ ја намалува цената на гасот и на метанот, а РКЕ ги поскапува нафтените деривати

Додека Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, од „Макпетрол“ информираат дека ја намалуваат цената на природниот гас, како и цената на метанот.

„Согласно договорот помеѓу ‘Макпетрол’ АД Скопје и ‘Гаспром експорт’, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи ги известуваме своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец октомври ќе се намали за околу 200 евра за 1000 нормални метри кубни во однос на цената за месец септември оваа година.

Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цена на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), се намалува за 20 денари за килограм, односно ќе изнесува 184 денари за килограм“, велат од „Макпетрол“.

Со одлуката на РКЕ, пак, за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,20 отсто, малопродажните цени на бензините ќе се зголемат за половина денар, на дизелот за 1,5, а на екстра лесното масло за домаќинство за два денари по литар. Тоа значи дека од ноќеска на полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 89 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 92,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 89,5 денари за литар.

За 0,46 денари за килограм ќе се зголеми и малопродажната цена на на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 50,228 денари.

 


Статијата е прочитана 344 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско