Викендов почнува зимското сметање на времето

Викендов завршува летното и почнува зимското сметање на времето, откако Владата одлучи да нема промена во досегашното летно и зимско сметање на времето.

Тоа значи дека во три часот по полноќ ноќта меѓу сабота (29 октомври) и недела (30 октомври) стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад, па времето во три ќе се смета како два часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. Во Македонија важи времето што му соодветствува на универзалното координатно време зголемено за еден час (средноевропско зонско време).

 


Статијата е прочитана 311 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско