НБМ, МФ и швајцарски СЕЦО потпишаа меморандуми за соработка за макроеконоско планирање и управување

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии, Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, од името на Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕЦО) потпишаа меморандуми за разбирање со кои се воспоставува соработка во полето на макроекономското планирање и управување.

Станува збор за зајакнување на капацитетите и унапредување на алатките за макроекономска анализа и проектирање преку соработка и размена на искуства со експертски тим на СЕЦО.

Во рамките на проектот, преку спроведување на првиот модул, Министерството за финансии ќе може да постави рамка за макроекономско планирање, концепт кој ќе овозможи кохерентни анализи на податоци, предвидувања и планирање на политики. Глобалниот проект се базира на инструментот на ММФ за финансиско програмирање и планирање, а ќе се спроведува преку модуларен пристап.

Гувернерката на Народната банка истакна дека јакнењето на аналитичките капацитети на Централната банка е од клучно значење, бидејќи кредибилните макроекономски анализи и проекции се основа за носење соодветни економски политики. Ангеловска-Бежоска ја посочи важноста на овој проект, особено во контекст на тековната криза и во услови на висока неизвесност, кога квалитетните макроекономски проекции играат значајна улога во следните активности на економските чинители. Ова е исклучително важно кај монетарната политика, каде што формирањето на очекувањата е суштинско за идните движења. Од НБ соопштија дека Централната банка ќе продолжи со постојано надградување и јакнење на аналитичките способности.

Имплементацијата на проектот е поддржана од експерти од Implementing Consortium formed of Ecorys и OGResearch.

 


Статијата е прочитана 190 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско