Почнува Саемот на мебел 2023

Преку 40 директни изложувачи со повеќе од 80 претставени брендови со атрактивни саемски акции и попусти ќе бидат претставена на годинашниот Саем за мебел, кој се отвора денеска, во Скопје, во комплексот „Борис Трајковски”.

„На едно место во монтажни објекти и во внатрешниот простор на комплексот ќе може да се види разновидна понуда на мебел за дневни, спални, детски соби, трпезарии, кујни, бањи и секако дополнителни декоративни понуди за домот“, најавува Скопски саем.

Организрани се и групни посети на Саемот од сите градови од земјава и регионот.

Саемот за мебел ќе трае до 2. април со работно време од 10.00 до 20.00 часот.


Статијата е прочитана 541 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско