Весиќ: „Србија и Северна Македонија ќе имаат заедничка железничка станица во Табановце“

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави заедничка товарна железничка станица на Србија и Северна Македонија во Табановце, пренесува МИА. 

„Ќе имаме заедничка товарна железничка станица така што возовите повеќе нема да застануваат на граница, туку прегледот ќе се врши во Табановце. Кон средината на мај во Бијело Поље ќе отвориме заедничка железничка станица со Црна Гора така да возовите повеќе нема да застанува на граница туку во Бијело Поље каде ќе имаме царина и полиција, и српска и црногорска, и се ќе биде на едно место“, изјави Весиќ за белградски Јуроњуз.

 Тој додаде дека вакво нешто Србија ќе има и со Унгарија, во Сегедин, каде ќе се врши царината и пасошката контрола и оттаму возовите без застанување ќе влегуваат на територијата на Србија.

Меѓу другото, тој изјави и дека очекува од јули Србија да има интегрирана наплата на патарина со Северна Македонија, а наскоро и со Хрватска.

„Тоа значи дека, доколку користите електронска наплата на патарина, ќе треба таг уредот да го врзете со платежна картичка и ќе можете целосно слободно да поминувате низ Северна Македонија со српски таг што ќе работи на секоја патарина, а патарината ќе се наплаќа од платежната картичка и нема да има повеќе застанување“, објасни Весиќ и додаде дека оние кои имаат таг од Северна Македонија ќе можат да патуваат низ Србија на ист начин.


Статијата е прочитана 360 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско