Објавен романот „С(удба)та“ од Филип Георгиевски

Во издание на „Бата прес“ се објави романот „С(удба)та“ од македонскиот поет и прозаист Филип Георгиевски. Станува збор за политичко (полициски) психолошки трилер и трагични судбини инспирирани од вистинити настани.

На саемот на книгата во Скопје, делото го промовираше литературниот критичар, романсиер и драматург Гоце Ристовски, кој, меѓу другото, бележи:

„ Со мала граматичка досетка, употреба на заграда, се потенцира друга тема и суштина УДБА – тајната служба во минатиот општествен систем и поранешната државна заедница во која рамноправна република беше Македонија – креатор на многу човечки и семејни судбини. Ова е уште еден квалитет на делото што го претставуваме. Инвентивен и асоцијативен, предупредувачки.

Романот говори за една ненајавена смрт. На млада личност, следејќи ги последиците, кај оној што од невнимание или поточно поради с(удба)та негова, придонел за една смрт, а можеби и за други несреќи, некои исто така со смртни  последици, кој знае, и кај најблиските на несреќно загинатиот.“

Филип Георгиевски е автор на неколку поетски збирки и поеми. Минатата година го објави романот „Стриптиз на душата“ кој беше во најтесниот круг за годишната награда на Друштвото на писателите на Македонија.

 

 


Статијата е прочитана 57 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско