„ЕУРОФАРМ“ – 25 години лидер на фармацевтскиот пазар и прв избор на граѓаните

Интервју со м-р спец. фарм. Татјана Стерјева, сопственичка и генерален менаџер на „ЕУРОФАРМ“ увоз-извоз ДООЕЛ Битола, една од првите основачи на ланецот аптеки „Еурофарм“. Годинава, една од водечките компании на македонскиот фармацевтски пазар прославува 25-годишен јубилеј и успех во континуитет. 

За почетоците на семејниот бизнис во 2000 година, макотрпниот пат, растот и развојот, предизвиците, до прераснувањето во компанија со 620 вработени и 123 аптеки ширум државата, во интервју за „Марили“ говори токму сопственичката, м-р Татјана Стерјева. 

М-р Стерјева зборува и за плановите по 25-годишнината: „Паралелно со одбележувањето на јубилејот, во 2026 година сме во подготовка со нов значаен проект, изградба на нова, современа веледрогерија, дизајнирана по највисоките светски стандарди во логистика, автоматизација и безбедност при дистрибуција на лекови. Новиот објект ќе претставува клучен чекор во следната фаза од развојот на компанијата, со цел подигнување на ефикасноста, проширување на капацитетите и обезбедување уште повисок квалитет и достапност на лекови и фармацевтски производи.“

Она што е најважно, како што вели Стерјева, е дека „Еурофарм“ ќе продолжи да биде човечки бренд.

„Свесна сум дека здравството се менува, технологијата се менува, но довербата останува најважна. Нашата мисија за следните 10 години е многу едноставна: секој пациент да се чувствува сигурно, разбрано и поддржано.“, вели м-р Стерјева. 

МАРИЛИ: По 25 години успешно опстојување, „Еурофарм“ е водечки фармацевтски бренд на македонскиот пазар. Кои се капацитетите на компанијата, со што располага и колку вработени има?

М-Р СТЕРЈЕВА: „Еурофарм“ е основана во 2000 година како семеен бизнис и компанијата денес вработува околу 620 лица – дипломирани фармацевти, фармацевтски техничари, како и економисти, правници и друг персонал. Во изминатите 25 години компанијата ја градеше својата позиција преку систематска работа, вложување во човечки ресурси и создавање мрежа од современи аптеки со отворен пристап, професионална грижа и континуирана едукација на фармацевтите.  

Во последните пет години, „Еурофарм“ редовно се наоѓа помеѓу 100-те најголеми компании во Македонија, што го потврдува континуираниот раст, стабилност и квалитетен развоен модел. Во изминатите години компанијата вложи значителни средства во развој на продажната мрежа, модернизација на капацитетите за складирање, унапредување на дистрибуцијата, како и во континуирана едукација и професионален развој на фармацевтите и останатиот кадар.

МАРИЛИ: Во 2025 година успешно заокружувате 25 години макотрпна работа посветена на грижата и унапредувањете на здравјето на граѓаните. Кажете нѝ накусо, кои се спецификите што ја прават Вашата компанија уникатна и што е она што ѝ дава европски лик на компанијата?

М-Р СТЕРЈЕВА: Пресудно беше што никогаш не брзавме да се прошириме по секоја цена. Верувавме дека бренд се гради со квалитет. Нашиот пристап секогаш бил многу јасен: модерни аптеки, професионални фармацевти и искрена грижа за луѓето.

Втората пресудна работа беа партнерствата со глобални фармацевтски и козметички компании. Ниту едно од тие партнерства не дојде преку ноќ. Напротив, секој сериозен бренд и компанија најнапред „скенираат“ дали на локалниот пазар постои сериозен партнер, па потоа ги испитуваат неговите капацитети, за на крајот да донесат одлука.

А ние отсекогаш сме покажувале професионализам, познавање на пазарот и беспрекорна организација. Тоа ни ги донесе брендовите - Dr. Wolz, Microlife, Fysioline, Coswell и многу други, па сѐ до Jamieson, како еден од најреномираните премиум светски брендови за витамини и додатоци во исхраната - коишто денес се дел од „Еурофарм“ и нѝ овозможија да понудиме квалитет што инаку не би бил достапен.

Но, најпресудна беше третата работа: нашето семејство. И тука не мислам само на моето семејство, туку на компанијата која за нас е едно големо семејство. Тоа е семејна приказна создадена со работа, со доверба и со многу вложување. Фактот што денес и следната генерација е дел од компанијата, за мене претставува еден од најголемите лични успеси.

МАРИЛИ: Кои се главните цели, планови и визија за развој на компанијата во блиска иднина, но и подолгорочно?

М-Р СТЕРЈЕВА: Иднината ја гледам како продолжување на успешната приказна, но со нова енергија. Ќе инвестираме во дигитални услуги, во модерни фармацевтски решенија, во образование на фармацевтите, во уште попристапни аптеки. Но најважно, ќе продолжиме да бидеме човечки бренд. Свесна сум дека здравството се менува, технологијата се менува, но довербата останува најважна. Нашата мисија за следните 10 години е многу едноставна: секој пациент да се чувствува сигурно, разбрано и поддржано.

Паралелно со одбележувањето на јубилејот, во 2026 година сме во подготовка со нов значаен проект, изградба на нова, современа веледрогерија, дизајнирана по највисоките светски стандарди во логистика, автоматизација и безбедност при дистрибуција на лекови. Новиот објект ќе претставува клучен чекор во следната фаза од развојот на компанијата, со цел подигнување на ефикасноста, проширување на капацитетите и обезбедување уште повисок квалитет и достапност на лекови и фармацевтски производи.

МАРИЛИ: „Еурофарм“ е општествено одговорна компанија, но и посебен пиетет става на развој на македонскиот спорт. Кои успеси би ги издвоиле во однос на спортот?

М-Р СТЕРЈЕВА: Секој проект што има човечка вредност ми е посебно драг. Посебно ме радуваат програмите за поддршка на спортот и здравиот живот, донациите во училиштата и здравствените установи, поддршката на локални институции, настаните за деца, маратони, младински спортови... Тоа се иницијативи што оставаат трага и што ја покажуваат нашата посветеност кон заедницата.

Особено сум горда на проектот „Семејно здравје“, нашето списание кое е достапно во сите Еурофарм аптеки, а за кој ја добивме и Националната награда за општествена одговорност. Верувам дека успехот што го остварува компанијата има вистинско значење само ако е споделен со заедницата на која и припаѓа и каде што работи и создава. Тоа го правиме веќе 25 години и ќе продолжиме да го правиме во иднина.

Ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ е дел од идентитетот на Битола, но истовремено е клуб со богата и долга спортска традиција, како еден од најтрофејните македонски ракометни клубови. 

Нашата соработка со клубот произлезе од искрената љубов кон овој спорт во нашето семејство и од желбата да ги поддржиме младоста, тимскиот дух и упорноста. Пресудно беше тоа што и во ракометот и во бизнисот делиме исти вредности: дисциплина, стратегија и срце! За нас ова партнерство е инвестиција во нашиот спорт и нашите млади таленти.

МАРИЛИ: Како менаџер во компанија која е успешна во континуитет и има значаен импакт во развојот на македонската економија, што сметате дека е клучно да се постигне тоа ниво?

М-Р СТЕРЈЕВА: Кога ќе се навратам на почетоците, ќе споменам дека почнавме со една единствена аптека, без големи ресурси, но со огромна желба да создадеме професионално, пристапно место за секој пациент. Тогаш немавме големи планови, имавме само една голема визија. Се сеќавам на деновите кога буквално сè работевме сами, набавки, договарање партнерства, администрација. Но, токму тие години нè обликуваа, нè научија на дисциплина, истрајност и чесност. 

Денес, 25 години подоцна, кога гледам дека „Еурофарм“ има 123 современи аптеки ширум нашата земја, чувствувам гордост што приказната растеше полека, но здраво и силно. Кога би требало да го издвојам најубавиот дел од целата досегашна приказна би рекла дека тоа е довербата на пациентите што нè следат со децении и тимот што беше и остана срцето на оваа компанија.

МАРИЛИ: Како успешна жена менаџер, конзитентноста и континураната работа се неизбежни. Кои ваши лични карактеристики Ве донесоа таму каде што сте денес?

М-Р СТЕРЈЕВА: На почетокот предизвикот беше да бидеш сериозно сфатена. Не затоа што си жена, туку затоа што си млад претприемач што се обидува да гради нешто ново. Фармацијата бара дисциплина, знаење, одговорност. Тоа понекогаш знае да тежи. Но, верувам дека жените во себе носат вредности што се многу корисни за оваа професија, тоа се емпатијата, силната интуиција и организираност. Не се обидував да „глумам“ нешто што не сум. Го градев сопствениот стил на лидерство. И денес, кога гледам дека голем дел од менаџерскиот кадар во „Еурофарм“ се жени, чувствувам гордост што сме создале средина во која талентот е поважен од сè друго.

МАРИЛИ: Според Вас, каков удел во подобрување на женското лидерство, менаџерство и претприемаштво имаше  манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ која се одржува веќе 30 години?

М-Р СТЕРЈЕВА: По 30 години може слободно да се каже дека „Изборот на најуспешни жени менаџери“ има навистина голема улога во градењето посилно женско лидерство во нашата земја – не само како манифестација, туку како движење што создава промени. Oваа платформа низ годините создаде мрежа на влијателни и успешни жени кои меѓусебно се поддржуваат и развиваат менторство.

Најважниот придонес го гледам во тоа што 30 години континуирано создавате видливост за успешните жени, а видливоста е клучна за рушење на стереотипите и за инспирирање нови генерации. Преку промоција на позитивни примери, манифестацијата ја зајакнува самодовербата кај жените, покажувајќи дека успехот е достижен и дека жената е рамноправен носител на економскиот и општествениот развој.


Статијата е прочитана 155 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско