Повторени избори за градоначалници: Завршува кампањата, утре гласаат болните, најмногу пријавени во Гостивар 146

На полноќ завршува изборната кампања за повторените избори за градоначалник в недела на 11 јануари во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Изборниот молк ќе трае до завршување на гласањето на 11 јануари во 19 часот. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), гласачките ливчиња и апаратите за биометриска идентификација денеска се дистрибуираат до Општинските изборни комисии а оттаму ќе бидат подигнати од Избирачките одбори.

 

Утре, сабота, гласаат болните и изнемоштените и лицата во затворите запишани во Избирачкиот список во овие општини. Според информациите на МИА, во Гостивар за гласање се пријавени 146 болни и изнемоштени лица, во Маврово Ростуше 69, во Врапчиште 32 додека во Центар Жупа само двајца. 


Статијата е прочитана 66 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско