„ДИОПТРА“ – Повеќе од три децении оптики број еден во земјава и регионот
Интервју со м-р Марија Костуранова, сопственичка и генерална менаџерка на „Диоптра Оптикс“, компанија која е авангарда и која веќе 33 години успешно опстојува, нуди најквалитетни, луксузни брендови на очила за сонце, рамки за очила, располага со најсовремени оптометриски кабинети и е препознатлива по најубавите продажни салони за очила во светот.
Во нивните салони можете да ги најдете елитните брендови на очила Lindberg, Cartier, Moscot, Akoni, Balmain, Valentino, Dior, Loewe, Bottega Veneta, Dita, кои ги носи светската елита. За брендот Etnia Barcelona, кој го зголеми своето портфолио со неколку колекции: Lool, Chroma, Pellicer, Ibiza, со години се прогласувани за најдобар дистрибутер во светот. „Диоптра“ е позната и по организацијата на многу убави, елитни светски промоции и настани на брендовите кои се застапени во нивните салони.
„Диоптра“ во соработка со ITA-Italian Trade Agency Skopje и Амбасадата на Р. Италија организира настан на 15-ти април во Музејот на НОБ, каде ќе се одржи модна ревија и ретроспективна изложба на очила од најпознатите италијански брендови. Ревијата и изложбата ќе покријат една цела модна ера на италијанските брендови на очила и тоа од 40-тите години на минатиот век до денешен ден. На ревијата ќе бидат прикажани најпознатите италијански брендови на очила низ времето, како: Lozza, Fendi, Armani, Persol, Gucci, Versace...и дел од најновата, четврта колекција на Dioptra Eyewear 100% Made in Italy.
МАРИЛИ: Повеќе од три децении „Диоптра Оптикс“ е врвен препознатлив бренд. Со колку продажни салони располагате и кои се спецификите што Ве прават поинакви од другите?
М-Р КОСТУРАНОВА: „Диоптра“ е препознатлив бренд 33 години, со пет продажни салони што важат за едни од најубавите оптики во светот. Со својата софистицираност особено се издвојува салонот „Диоптра Котур“, отворен во 2017 година, лоциран на Плоштад Македонија. Оптиката зафаќа површина од 200 m² на две нивоа, каде што ги донесовме сите најпрестижни светски брендови на очила, организиравме многу убави светски промоции, направивме најсовремен оптометриски кабинет и амбиент на оптика од некоја светска метропола. Не заостанува по убавина и шарм ни новиот продажен салон „Диоптра Урбан Концепт“, отворен во 2025 година, со површина од 220 m² на две нивоа. Се издвојува со тоа што во негови рамки го создадовме првиот во светот Shop in Shop на шпанскиот бренд Etnia Barcelona.
Салонот нуди катчиња не само за оптика и прегледи туку и за уживање: тераса и двор, клавир, бар, катче на култниот бренд Moscot, лулашка, простор за миленици и многу други содржини што ги освоија симпатиите на посетителите од земјата и светот. Тие едногласно го прогласија за најубава оптика во светот – место со посебна енергија и вистинско уживање.
Она што нѐ прави препознатливи се професионалниот пристап и емпатијата кон секој наш клиент. Ние се раководиме од девизата „правете го тоа што сакате вам да ви го прават“. Мило ми е што имаме плејада на лојални клиенти веќе три генерации со кои споделуваме буквално сѐ. Имаме индивидуален пристап за сите очила, посебно за диоптриските.
Очилата се дел од вашиот изглед, дел од карактерот и стилот, а, сепак, основата им е дека се медицинско помагало и потреба за подобар вид и заштита на очите. Многу често клиентите имаат целосна доверба во нас, така што целокупниот избор околу очилата и стаклата нам ни го препуштаат.
Задоволните клиенти ни се враќаат повторно, дури и кога живеат во други држави. Тоа ни е најголем комплимент и потврда за долгогодишниот успех. „Диоптра“ располага со најстручен тим, кој често посетува обуки надвор од државата и интерни обуки. Без едукација и знаење не би биле толку пред времето и пред другите оптики. Се издвојуваме и по убавите настани, убавиот амбиент во сите оптики и чувството на доверба.
МАРИЛИ: Работите со најлуксузни светски имиња што секогаш им се достапни на клиентите. Кои се новитетите во Вашето работење и кои нови брендови на очила ќе ја дополнат Вашата богата колекција? Што ѝ дава европски лик на „Диоптра Оптикс“?
М-Р КОСТУРАНОВА: Горди сме што успеавме да ги донесеме и со години да ги задржиме најпрестижните брендови за очила, што не е воопшто едноставно, имајќи ги предвид нивната цена, изработка и специфичност. Посебно сме горди што работиме со брендовите Lindberg, Cartier, Moscot, Akoni, Balmain, Valentino, Dior, Loewe, Bottega Veneta, Dita, кои ги носи светската елита, но препознатливи се и кај нашите клиенти. Мило ни е што со години покажуваме што е вистински квалитет и ги слушаме нашите купувачи. За брендот Etnia Barcelona, кој го зголеми своето портфолио со неколку колекции: Lool, Chroma, Pellicer, Ibiza, со години сме прогласувани за најдобар дистрибутер во светот.
Токму поради тоа кај нас е отворен првиот Shop in Shop Etnia Barcelona во „Диоптра Урбан Концепт“, во срцето на Дебар Маало, за кој добивме комплименти од цел свет. Мило ни е што сега клиентите на едно место ќе може да ги видат сите колекции и новитети од нивните и нашите омилени очила. Во 2025 година ја лансиравме третата колекција на нашиот privite label Dioptra Eyewear 100% Made in Italy, со која сакавме да покажеме дека знаеме што сакаат нашите клиенти и да им овозможиме да добијат врвен квалитет и дизајн по прифатливи цени. Оваа колекција беше најголема досега, со над 1 000 модели и навистина имаше одличен одѕив. Првата колекција „Диоптра“ ја направивме во 2018 година за 25-годишниот јубилеј, втората во 2023 година по повод 30-годишниот јубилеј, но поради побарувањето одлучивме секоја година да лансираме нова колекција.
Во план ни е да го прошириме портфолиото со уште неколку врвни брендови со кои сме во преговори, но засега нека остане тајна. Сигурно ќе бидете задоволни од нашата селекција на премиум брендови.
Веќе неколку години сме единствени со персонализираните стакла, а новитет ни се стаклата со примена на ВИ, кои го мерат вашето видно однесување. Работиме со најдобрите светски брендови и сертифицирани сме за нив: Zeiss, Hoya, Essilor. Со овие персонализирани стакла овозможивме беспрекорен вид и за клиентите со највисоки очекувања.
МАРИЛИ: Колку долго сте на менаџерска позиција? Како менаџер во компанија што е успешна во континуитет и има значаен импакт во развојот на македонската економијa, што е клучно за да се постигне тоа ниво?
М-Р КОСТУРАНОВА: „Диоптра“, основана во 1993 година, денес претставува симбол на иновација и посветеност во оптичката индустрија. Јас сум сопственичка и менаџерка на компанијата, а во 2009 година менаџерскиот тим се зајакна со Елена Крстеска – управителка што веќе 26 години значајно придонесува за успехот на „Диоптра“. Тимот на компанијата е препознатлив по долгогодишната лојалност, дури и оние што заминале во странство ја сметаат „Диоптра“ за своја „матична компанија“.
Сметам дека клучно за напредокот и успехот е да имате визија и цел, да бидете вредни и упорни, емпатични со сопствениот тим и клиентите. Од почетоците на „Диоптра“ се трудев да бидам пред времето и да воведувам новитети. Го набавив првиот автомат за прецизно центрирање и брусење на оптичките стакла, првиот дигитален авторефрактометар, бев прв контактолог во државата, прва што почна да работи со персонализирани стакла, донесовме многу брендови што беа недостижни и во регионот создадовме прва персонализирана колекција на очила.
Секогаш го следам својот сон, иако многу често е преамбициозен, но токму затоа за многумина станав пример по кој се водат. Веројатно и поради тоа сме лидери во регионот, а денес Македонија се смета за најразвиена земја на Балканот на полето на оптиката. Би истакнала дека се битни упорноста и истрајноста. Во секоја област сме засегнати од економската криза, имавме криза со корона и војна и што уште не. Треба тоа да се издржи, да се приспособи и да се има верба во иднината. И пак ќе повторам, јас работам со љубов. Не мислам на заработувачка. Се радувам на секој поединечен случај на најдено решение за подобар вид. Клиентите го чувствуваат тоа. Тимот е најзначаен за успехот и мене ми е како семејство. Размислуваме во ист правец и имаме иста визија.
МАРИЛИ: За успешна жена менаџер неизбежни се конзистентноста и континуираната работа. Кои Ваши лични карактеристики Ве донесоа таму каде што сте денес?
М-Р КОСТУРАНОВА: Значајно е да сте истрајни и конзистентни. Без тоа нема успех. Да имате визија и интуиција за работите.
Многу е битно да „гледате и размислувате големо“ и да не се ограничувате дека нештата се недопирливи. Само доколку верувате во своите соништа, тие ќе ви се остварат. Тоа што ме држи во сите битки е љубовта кон професијата и љубовта што ја добивам од семејството, особено од мoите ќерки, кои се мој најголем двигател и со кои невозможното станува можно.
Најголем пример за упорност во животот и моја хероина е мојата мајка.
МАРИЛИ: Според Вас, каков удел во подобрувањето на женското лидерство, менаџерство и претприемаштво има манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, која се одржува веќе 30 години?
М-Р КОСТУРАНОВА: Убаво е чувството кога сте во друштво на истомисленици. Следејќи ги приказните на неколку претприемачки, лесно се согледуваат сличностите, но и заедничките маки: трката со времето и постојаниот мултитаскинг, опструкциите што доаѓаат со тоа да се биде успешна жена, мајчинството како врвен приоритет, занемарувањето на професионалниот успех и постојаната потрага по баланс меѓу сите обврски.
Прекрасно е кога ќе си ги споделиме искуствата и ќе си дадеме поддршка една на друга – токму така стануваме посилни.
Голема благодарност до „Марили“ и госпоѓа Лидија Трипуноска, кои успеаја оваа манифестација да ја одржат квалитетна 30 години, да ја надградат со корисни едукации и да ни дадат поттик дека со едно вакво признание може уште повеќе да напредуваме, како економски, така и како личности. Посакувам уште многу успешни јубилеи и приказни на среќни и реализирани жени затоа што за сите нас најголем успех е токму среќата и сè она што навистина нè прави среќни.
Статијата е прочитана 155 пати.

























